1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За итно решение и против поделба на Косово

31 август 2007

Во фокусот на разговорите на германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во Тирана беа билатералната соработка на воен план, безбедноста во регионот и актуелната состојба на Косово.

Јунг вчера беше и во Македонија - на снимката е со македонскиот министер за одбрана Лазар ЕленовскиФотографија: MIA

Улогата на Германија и нејзиниот придонес во регионот се незаменливи, рече албанскиот претседател Фатмир Топи по средбата со гостинот од Германија, министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг. Заеднички став било дека прашањето на Косово треба да биде неодложно решено, дека Косово треба да се гради така, што ќе ги гарантира правата на сите граѓани, независно од нивната етничка припадност. База за решението, според Топи треба да биде планот на Ахтисари. Албанија е против поделба на Косово.

Германско-албанската соработка во воената област е оценета како посебна и е нагласено нејзиното позитивно влијание врз реформите на албанската војска. Албанскиот министер за одбрана Фатмир Мејдиу притоа наведе дека соработката придонесува за модернизација на албанските воени сили и за нивно прилагодување кон стандардите на НАТО. Очекувема наредната година да добиеме покана за членство во Алијансата и за тоа ќе добиеме подршка од Германија, но во секој случај мораме да ги исполниме стандардите, рече министерот Мејдиу по средбата со колегата по функција од Германија.

Франц Јозеф Јунг, пак, наведе дека Германија досега обучи преку 1400 припадници на албанската војска, кои сега вршат одговорности се’ до генералско ниво. Таа соработка натамошно ќе ја продлабочиме, рече Јунг, кој ги оцени како позитивни чекорите што ги направи албанската армија во модернизацијата и реформите. Тие, како и реформите во полицијата и правосудството, ќе бидат оценето во извештајот што НАТО ќе го поднесе во септември и од кој ќе зависи и одлуката дали Албанија ќе добие покана за членство во НАТО.

Албанскиот премиер Сали Бериша извлече биланс на помошта што Германија и’ ја даде на Албанија во последните 17 години, чија

финансиската вредност ја означи на 700 милиони евра. Бериша нагласи дека посетата на Јунг доаѓа во предвечерјето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатските односи меѓу двете земји и билатералните односи ги означи како “пријателски и успешни, со прекрасна перспектива.”

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми