1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„За и против голема Албанија“

Франкфуртер алгемајне цајтунг 13 февруари 2008

Весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг денеска го објавува текстот под наслов „За и против голема Албанија“

КосовоФотографија: DW

„Аргументот дека независноста на Косово ќе довде до создавање на голема Албанија што ќе го дестабилизира Балаканот, го користат главно српските политичари во борбата да не се изгуби Косово Поле. Ова тврдење има многу несигурна основа со оглед на тоа што има повеќе аргументи против отколку за голема Албанија.

Едната се состои во одговорната регионална политичка улога на сите влади во Тирана по распадот на дикатурата на Енвер Хоџа. Владите во Тирана секогаш кога беше во нивна моќ се обидуваа умерено да реагира на сите конфликти надвор од нејзината источна граница, како на пример за време на воздушните напади на НАТО од 1999 година или пак во конфликтот што имаше димензии речиси на граѓанска војна меѓу албанските терористи и словенските безбедносни сили во Македонија, две години подоцна. Доколку Албанија на Балканот би имала слична дестабилизирачка улога како Србија тогаш регионот би завршил во пламен.“ пишува Франкуртер алгемајне цајтунг и продолжува

„Во разговорите албанските дипломати и политичари набројуваат некои цврсти причини, зошто никој не би морал да се плаши од привидот Голема Албанија. На рака лежи одлучниот меѓународен отпор против еден големо – албански проект. Пред се’ Косово како држава „со набљудувана независност “, кое целосно е зависно од неговите западни финансиери, во недогледно време не ќе може да води сопствена надворешна политика. Освен ова егоизмите на регионалните албански водачи на Косово, во Македонија, Јужна Србија и Црна Гора зборуваат против едно такво спојување. Албанците исто така радо укажуваат дека би било подобро, кога еден ден интересите на Албанците во Брисел би ги застапувале двајца албански комесари. Единствено, аргументот дека албанските водачи во регионот порадо би сакале да останат мали кралеви во нивините земји, отколку да се впуштат во неизвесна борба за моќ во една држва Голема Албанија, не мора да биде траен. Имено зависи од тоа како би бил составен еден таков државен спој, дали регионалните водачи на кланови во него и натаму ќе може да ја сочуваат својата моќ. Во една федеративна република Голема Албанија тоа би можело и да се замисли - а кој политичар би сакал да се спротивстави на иредентистичките тенденции, доколку еден ден сепак се поддржуавани од мнозинството? Во ова пореален е изгледот, дека двете албански држави ќе негуваат тесни односи како една од друга независни единки.“ пишува Франкфуртер алгеманје цајтунг

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми