1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалската криза ја потиснува должничката криза

Кристоф Хаселбах/ сн4 ноември 2015

Твојата неволја е моја добивка: некои земји во и надвор од ЕУ е обидуваат да профитираат од бегалската криза и да ги растоварат своите буџети. Брисел пак засилено запаѓа под притисок.

Фотографија: picture alliance/AA/A. Kurucz

Бегалската криза преврти на глава некои нешта во Европа. Она што до вчера важеше како правило, денес се ралетивизира. Тоа важи и за критериумите за економска стабилност на државите-членки на Европската унија. Одделни членки сметаат дека Европската комисија при разгледувањето на буџетските бројки мора да го земе предвид фактот дека тие сега издвојуваат многу дополнителни средства за бегалците. Брисел во основа го увиде тоа, а претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на особено погодените земји на крајот на октомври им овозможи пофлексибилно толкување на правилата.

Австрија има добри шанси овие посебни издатоци да ги пресмета во државниот буџет. Меѓутоа, Јункер изјави дека „има и големи земји кои не прават доволно“. Меѓу другите, Јункер мислеше и на Франција. Оваа земја со години има проблеми да го доведе во ред својот буџет. Но тоа нема никаква врска со бегалците, бидејќи Франција, во споредба со други земји од ЕУ, прими многу мал број мигранти.

Еврокомисијата очигледно стравува дека земјите ја користат бегалската криза за посебни отстапки. На ист начин на сето тоа гледа и владата во Берлин. Мартин Јегер, портпаролот на министерството за финансии вели: „ Сметаме дека е погрешно во поглед на оваа проблематика да се разводни пактот за финансиска стабилност.“

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Jocard

„Па и други го прават истото“

Посебно смело постапува владата на Грција. Со оглед дека Атина има спроведено само една четвртина од договорените реформски задачи, доверителите ја задржуваат исплатата на следната рата финансиска помош за земјата од две милијарди евра. Грчката влада поради оптоварувањето со бегалците ги доведе доверителите во разговори за отстапки. Наводно надлежниот министер Јанис Музалас рекол- „па и Италија и други земји го прават истото“.

Никој не спори дека Грција е преоптоваране. Ама , Атина од Еврокомисијата добива речиси шест милиони евра помош само за бегалците. Германската влада во секој случај „не сака да даде попуст“, како што јасно истакна портпаролот на министерството за финансии Јегер. И министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер за време на посетата на Атина побара да „не се изразуваат нови желби и барања при секоја потешкотија“

Финансиските аспекти сега се користат како средство на притисок и кога е во прашање распределбата на бегалците. Шефот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум предлага:„На оние членки на ЕУ кои не соработуваат во приемот на баратели на азил, би требало да им се намалат и финансиските средства“.

Со тоа се согласува и Херберт Ројл, претседател на пратеничката група на германските партии ЦДУ и ЦСУ во Европскиот парламент. „Мораме да размислиме за тоа како да се однесуваме кон земјите кои се однесуваат целосно несолидарно“.

Еврокомисијата проценува дека во правна смисла би било компликувано да се изведе тоа. Јанис Емануилидис од Европскиот центар за политики од Брисел, смета дека тоа не би били политички мудро. „Во едно вака комплицирано прашање мора да се направат обиди за постигнување компромис, за разбирање на другата страна“

А колку е големо разочарувањето кај некои стари членки на ЕУ од ставовите на новите членки на Унијата од истокот, покажа неодамна една недипломатска забелешка на еврокомесарот за монетарни прашања, Французинот Пјер Московиси. „Наша обврска беше да ги прифатиме земјите кои избегаа од советската тиранија. И го сторивме тоа со ентузијазам“. А сега меѓутоа јасно се покажуваат „големите културни разлики меѓу некои од тие земји и старите членки на ЕУ“.

Фотографија: Reuters/O. Orsal

Во посебно поволна позиција се наоѓа турската влада, бидејќи преку Турција во Европа доаѓа најголем број бегалци. Турција за волја на вистината вети дека ќе ги задржи бегалците да продолжат со бегството кон Европа и ќе ги врати назад, ама сака тоа добро да го наплати. Канцеларката Меркел, иако е остра противничка на полноправно членство на Турција во ЕУ, на претседателот Ердоган кратко пред изборите во Турција му понуди финансиска помош, визни олеснувања и поддршка во преговорите за приклучување кон Европската унија, кои се во заостанување.

Ама и притисокот врз ЕУ е силен. Јункер имено неодамна во Европскиот парламент изјави дека „без оглед дали некому тоа одговара тоа или не, со Турција мора да се соработува“. Тој подоцна во Париз јасно изјави: „Ако Турција ги отвори своите порти ќе ни дојдат нови два до три милиона бегалци. Европа мора да ѝ ја плати цената на Турција“.

Јанис Емануилидис е уверен: „Ердоган би можел да побара многу, а ние ќе бидеме подготвени да му дадеме многу“, се разбира само „ако тој успее да го спроведе ветеното“. Европејците се самите виновни што се зависни од Турција, бидејќи во бегалската криза дозволија ситуацијата да се заостри толку многу. Емануилидис констатира: „Солидарноста меѓу членките на Унијата е многу слаба. А фраментацијата натамошно се зголеми.“ За волја на вистината тој не верува дека Европа ќе се распадне поради овој проблем, ама поаѓа од тоа дека бегалската криза е многу голем предизвик, кое ќе ја преокупира Европа со години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми