Во денешното македонско општество славата најчесто не им припаѓа на тие „со одличен успех и примерно поведение“. Македонија станува се‘ повеќе земја на полуписмени и на културни аналфабети. Пишува Кица Колбе.
Реклама
Јуни во моето скопско детство за мене беше месецот на учениците. Иако уште на првиот јунски ден, како овој денешниов, за мене веќе мирисаше на лето. На долгото волшебно скопско лето пред земјотресот! Кое за учениците значеше само слобода и игра. Иако моравме да ги прочитаме сите лектири. Ми се чинеше дека летните распусти тогаш беа долги како океан. И дека имаше премногу време и за читање и за игра. Дури и за денови полни се прочуената летна детска здодевност. Кога времето стои, празно и задодевно. Тоа чувство за благословената здодевност на летото го познаваат само децата.
Првиот ден во јуни за чувството на учениците веќе го најавуваше крајот на школската година. Тогаш Скопје во јуни се капеше во миризмите на расцутените трендафили и олеандри во градините и на липите во парковите и уличните дрвореди. Во детството Скопје го доживував како град преполн со зеленило. Не паметам скопскиот јуни во моето детство да бил особено студен. Во паметењето секој јунски ден ми остана облеан во синилото на небото и блесокот на сонцето. Имаше утра јунски кога се будев рано, многу порано од времето за во училиште. Само затоа што низ прозорецот наутро го здогледував волшебното синило на небото. Истрчував во дворот и долго се џагорев угоре, испитувајќи го восхитено со погледот сиот небески свод. За да се уверам дека никаде, ниту во најдалечниот агол, не се има скриено некое мало облаче. Се‘ беше само блескаво синило и сонце! И само јатата ластовички летаа веќе во височините. А за миг и јас се чувствував како една од нив. Толку го сакав блесокот на скопското јунско синило на небескиот свод!
Градот убав...
На малку повеќе од еден месец пред годишнината од катастрофалниот земјотрес Скопје доби уште едно урбано катче во сутеренот на Градскиот трговски центар. Графити и мурали сега го красат подземниот премин
Фотографија: DW/B. Georgievski
Прва галерија на отворено
Иницијатива за проектот е на архитектот Филип Конески, а во нејзината реализација учествуваа и Младинскиот културен центар и Градот Скопје. Сместена е во сутеренот на ГТЦ спроти автобуската постојка.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Уметници
Во реализацијата на проектот учествувале дваесетина уметници: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими, Зоки Мише, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска и Филип Конески.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Мотиви
Најголем дел од уметниците најдоа инспирација во урбани мотиви карактеристични за Скопје, иако има мурали и со апстрактни содржини.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Шанса за домашните уметници
Според одговорните, целта на галеријата е да се даде простор на домашните автори да реализираат дело посветено на Скопје, кое оваа година одбележува 55 години од обновата по катастрофалниот земјотрес од 1963-та година.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Уметност и функционалност
Дополнително, галеријата на отворено му дава и дополнителна функција на архитектонскиот простор, кој е еден од најзначајните објекти од современо Скопје.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Скопје сонува
Во Скопје цртањето графити е забрането со закон, па оваа иницијатива им дојде како добра можност на уметниците да споделат дел од својата инспирација.
Фотографија: DW/B. Georgievski
55 години од земјотресот
Еден од муралите го одбележува точното време на катастрофалниот земјотрес од 1963 година: 5:17 часот. Во скопскиот земјотрес загинаа повеќе од илјада луѓе, а поголемиот дел од градот беше целосно уништен.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Модерна метропола?
Скопје беше обновено, но никогаш не успеа да израсне во современа метропола со сите атрибути. Идеите на архитектот Кензо Танге беа само делумно реализирани, а со почетокот на транзицијата започна и систематското уништување на урбаниот дух на градот кое кулминираше со проектот „Скопје 2014“.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Зборува Скопје
Градските власти деновиве организираат серија настани по повод одбележувањето на годишнината од земјотресот. На зградата на Старата железничка станица беше вратена пораката на Јосип Броз Тито, а паралелно деновиве ќе се одржуваат и серија изложби, концерти, поетско читање и крводарителска акција.
Фотографија: DW/B. Georgievski
9 фотографии1 | 9
Дури подоцна, како возрасна, го најдов толкувањето на мојот детски восхит за синилото на јужното небо без облаци. На едно место во „Естетичката теорија“, гермнаскиот филозоф Теодор В. Адорно пишува дека само јужните земји познаваат такво сино небо без облаци, кое како да вели: „Смрт, каде е твоето бодило?” Адорно го наведува прочуеното место од „Посланицата на апостол Павле до Коринтјаните". Со тие зборови апостолот ја изразува надежта и верата во бесмртноста. А Адорно веруваше дека блесокот на синото небо без облаци на Југот може да се доживее и како шифра за бесмртноста и вечноста. Јас тогаш бев само дете кое се восхитуваше на убавината на светот и уште не знаеше ништо од мудроста на апостолите и филозофите. Меѓутоа, веќе се восхитував на тајната на школото и на учењето! Во моето паметење речиси утопискиот восхит за нежната, уште негибната убавина на природата во јуни остана засекогаш поврзан со социјалистичкиот ритуал на крајот на школската година.
Таа миризма на скопскиот јуни од моето детство оваа пролет ми долета во умот уште пред неговиот почеток. Ја повикав од архивата на паметењето уште во март, на почетокот на епидемијата. Тогаш се одлучив во карантинот да ја суредам библиотеката. Бришењето на полиците со книги, при што секоја книга се зема в рака, може да се преобрази во вистински ритуал. Така е кај мене. Од дете го засакав тој ритуал на редовна грижа за книгите. Одамна не му се имав посветено со истиот спокој и љубопитност за секоја книга, како овојпат, во карантинот. Имав време да прелистувам во оние книги кои одамна не ги бев зела в рака. Јас сум од луѓето кои, и по десетици години, точно знаат каде ја купиле речиси секоја книга. Најдалечно ми се чинеше времето на неколкуте книги од крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите, во кои посветата на првата страница беше напишана со перодршка и со совршен ракопис. Со ракописот на југословенските социјалистички учителки и учители! Лисјата во тие книги, најстарите во мојата лична библиотека, беа веќе пожолтени, а хартијата рапава и трошна. Мастилото, пак, не ја имаше променето силината на морното синило. Во еден миг ја видов во умот перодршката во раката на учителката. И шишенцето со мастилото „Пеликан“, положено во длабнатината за него, во катедрата на учителката! Перодршка, мастило – магичните нешта за ученичка како мене, со бурна фантазија.
Скопје - историја за (ре)откривање
Македонците гласаат за идното име на земјата. Се дискутира за идентитетот, митовите и националното наследство. Спорот околу овие прашања радикално го промени изгледот на главниот град Скопје.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Скопје - град кој чека да биде откриен
Градот денес брои околу 540.000 жители. Неговото постоење датира од пред околу две илјади години. Скопје беше, меѓу другото, дел и од Османлиското Царство, дел од Југославија и од 1991 година е главен град на независна Република Македонија. Поранешната влада, во периодот од 2009 до 2015 година, правеше обиди да му даде на градот антички лик - понекогаш со чудни резултати.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Потомци на антички јунаци
На 30 септември ќе се гласа за името на државата, но името на градот е неспорно - Скопје. Тој е основан во римско доба. Новите статуи и градби би требало да докажат: Ние сме Македонци, потомци на Александар Велики. Оваа фонтана ги прикажува првите животни станици на античкот крал од Македонија и неговата мајка. Во позадина поздравува татко му Филип Втори.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Безимен коњаник
Спорот за името и за наследството на Александар трае 27 години. Во меѓувреме, 23 метри висока статуа го зазема централното место на плоштадот во Скопје. Договорот за решавање на спорот предвидува преиспитување на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктурата и ако истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, ќе бидат преземени корективни дејствија.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Чист историзам - Археолошки музеј
Во градот со 540.000 жители, околу 20 проценти се Албанци. Тие живеат главно на страната на Вардар која и денес има лик на балкански град, со тесни улички и малечки дуќанчиња. Средновековен мост ги поврзува двата брега и двата културни света. Овој споменик делува некако мал и скромен во споредба со новоантичкиот храм на Археолошкиот музеј.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Јустинијан конечно дома
Јустинијан Први е роден во 482 година во Тауресиум (денешно Скопје). Римскиот цар ја поттикнувал изградбата и обновата на многу балкански градови. Сега се врати во Скопје - како мермерна статуа. Но и ваквите украси не можат да ги скријат проблемите на земјата. Македонија е една од најсиромашните земји во Европа.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Од ново направи старо
Скопје беше разурнат од катастрофален земјотрес во 1963 година. Славниот јапонски архитект Кензо Танге потоа му даде нов лик на градот - модерно Скопје, објекти со јасни линии, бетон. Но од тоа сега ретко што може да се види. Наместо тоа, античка илузија - објектите се опшиени со столбови и имитации на статуи.
Фотографија: DW/A. Feilcke
И Скендберг има статуа
Скопје било и е раскрсница, место каде се вршела трговска размена и место каде се испреплетуваат различни култури и јазици. Градот има видливи траги од византиското доба, од османлиското време, како и од социјализмот. Она што за едните е Александар, за другите е Скендербег: за Албанците тој е национален херој кој исто така има своја статуа во Скопје.
Фотографија: DW/A. Bajrami
Брод на бетон
Апсурден врв на инсценираниот историски лик на градот се трите средновековни бродови, излеани во бетон, на брегот на Вардар. Овие големи бродови никогаш не би стигнале до овде по воден пат. Тие набрзо треба да исчезнат, и тоа не само поради естетски причини. Бетонските основи го попречуваат течението на реката.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Голата вистина на итриот Прометеј
Статуата на Прометеј предизвика скандал уште пред да биде поставена. Причина: јунакот беше гол! Некои организации на жени сметаа дека тоа е недозволиво и дека таква статуа не може да биде поставена во парк, каде доаѓаат и жени и деца. Прагматичниот скулптор смисли брзо решение - античкиот јунак доби покривка. Сега смее да позира во паркот.
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
Кавга и за Самоил
Спор околу историското наследство нема само со Грција. Царот Самоил е предмет на расправии меѓу Бугарија и Македонија. Тој го префрлил главниот град на царството од Софија во Охрид. Полемика се води дали државата останала Бугарија или настанала првата држава на македонските Словени. За деескалација сега статуата од Скопје треба прво да се префрли во Охрид.
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
Триумфална порта и сообраќајна пречка
„Порта Македонија“ е еден од најсимболичните споменици на мегаломанијата од последните години. Триумфалната порта е висока 22 метри и чинеше 4,4, милиони евра. Сега на врвот е поставен часовник кој треба да покажува колку пари од оние што ги проневерила претходната влада се вратиле во буџетот.
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
Скокање на глава
Оп... Немојте во никој случај да се обидувате! Кој на ова место сака да скокне на глава во Вардар, сигурно ќе се раскрвари, затоа што реката нема доволно вода. За среќа, двете дами се од бронза. „Двете пливачки“ пливаат во реката , која преку Грција (таму се вика Аксиос), се влева во Егејското Море. Кога и соседите би можеле малку поспортски и поопуштено да се однесуваат кон другиот...
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
12 фотографии1 | 12
При таа слика од спомените, нешто во мене веднаш затрепери со истиот трепет и радост. Со мојот тогашен детски скопски јунски трепет! Тие сега пожолтени книги беа од оние кои во јуни, на крајот на школската година, ни‘ беа свечено врачувани за „одличен успех и примерно поведение“. Колку одамна беше тоа време, си помислив! А јас уште паметам како мирисаше штиракот, со кој мајка ми го штиркаше мојот бел фустан што го носев за свечениот ритуал. Чувствувам и сега колку ми трепереше раката, а срцето од страв ми биеше во челото, кога требаше да појдам кон катедрата на учителката. За таа свечено да ми го врачи свидетелството. И посебното одликување „за одличен успех и примерно поведение“. Книгата со совршено напишана посвета! Социјалситичката педагогија навистина во мене будеше и голем страв и радосен трепет.
Затоа не знам дали тој свечен ритуал на доделување книги за пофалба на одличниот успех на некои ученици, со иста радост го доживуваа сите ученици. И тие кои не беа најдобрите и „најпримерните“ во одделението. Веројатно тие се здодеваа. Училниците на денот на доделувањето на свидетелствата беа преполни. Со ученици, мајки и роднини. Со колички со заспани бебиња. Со купишта букети за учителките, положени врз клупите. Поворките од дотерани мајки, кои цврсто ја држеа раката на своите исто толку дотерани деца, на тој ден во јуни се гледаше низ сите улици. Цвеќињата за букетите се собираа во градините уште рано изутрината. Тие што немаа градини, на учителката им подаруваа бонбониера. Сето тоа, опојниот мирис на трендафилите и олеандрите, измешан со потта на децата и на возрасните, плачот на бебињата и на помалите деца, како и гласните педагошки говори на строгите социјалистички учителки, ( како мојата, од која, патем, многу се плашев!) беше дел од ритуалот на крајот на годината. Ние, учениците, го доживувавме со мешани чувства. Едни се радуваа, други плачеа. И сето тоа се случуваше секоја година како во некој голем педагошки театар.
Социјалистичкиот образовен ситем беше просветителски проект. Не се работеше само за тоа да се описмени народот. Целта на раната социјалистичка педагогија беше кај учениците да се разбуди култот кон знаењето и учењето. И, секако, да се востановат навиките на трудољубивост и совесно извршување на задачите, како што постојано повторуваа нашите учителки. На таа цел и‘ служеа и посебните одликувања за најдобрите ученици. Тие требаше кај другите ученици, кои во таа година не успеаја да постигнат најдобар успех, да разбудат желба да го сторат тоа идната година. Социјалистичката педагогија се темелеше врз уверувањето дека воспитувањето на добри навики е можно најдобро кога се угледуваме на конкретен пример. Како одличниот соученик или соученичка! Колку реалноста ја потврди како успешна таа педагогија, не ми е познато. Не паметам колку долго се беше одржал тој ритуал на одликување на најдобрите ученици во одделението со книги.
Вкусовите на Скопје
Скопје има лузни. Од земјотресот. Од градителите. Од историјата. Но, во Скопје може да се јаде и пие како ретко каде на Балканот. Во тоа се увери нашиот колега Драгослав Дедовиќ, кој од Скопје се врати како негов фан!
Фотографија: DW/D. Dedovic
Баничка со јогурт
За појадок: сечкана баничка - како што Македонците ја нарекуваат питата со сирење.
Фотографија: DW/D. Dedovic
... а може и бурек
Може и бурек - роднина на славниот нишки бурек.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Ќебапчиња
Ќебапчиња можат да се јадат и 24 часа дневно. Тие се во „крвно сродство“ со сараевските ќебапи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Телешка чорба
Во текот на денот доаѓа ред да се фатите и за лажица, а телешката чорба е вистински благодет во таа насока!
Фотографија: DW/D. Dedovic
Скопски појадок
Човек мисли на ваквите јадења како вовед во ручекот. На ориентот чорбите се, сепак, добар појадок. Скопје е доволно јужно и источно за Влатко Стефановски своевремено да запее: „Рано утро чкембе чорба, после секој своја борба“...
Фотографија: DW/D. Dedovic
Тавче гравче
Како што ме научија Македонците, „Гравче на тавче“ е искривена верзија на оригиналното и единствено исправно име - Тавче гравче!
Чипс од тиквички
Ред е да се пробаат и мезињата како што е „чипс“ од тиквички.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Пиперка
Печена пиперка не смее никогаш да недостига.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Пастрмајлија
Пастрмајлија доаѓа од зборот пастрма, кој означува солено или сушено јагнешко или овчо месо. Најпознати во Македонија се штипската и велешката пастрмајлија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Ширден
Најпознатиот специјалитет од Прилеп, градот познат по Крали Марко. Три вида сечкано месо во јагнешка марамица претставуваат вистински празник на вкусови.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Дечко, една жолта!
Во Македонија поретко се нарачува ракија, а почесто „жолта“. Се вели „дечко една жолта“ и на масата стигнува одлична лозова.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Баклава
Во Старата чаршија, сопственикот на нова слаткарница, по 20 години минати во Келн, покажува каде се гнездат неговите расни баклави.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трилеќе
Скопската чаршија и целиот град ќе го паметам и по колачот Трилеќе, кој е сладок подарок од македонските Албанци за заедницата на љубители на слатки.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Храна и на аеродромот
Дури и кога ќе стигнете до аеродромот Александар Велики сѐ уште не сте избегале доволно далеку од македонскиот кулинарски рај, сѐ уште не е време за пост - ве чека презентација и пред Free Shop.
Фотографија: DW/D. Dedovic
14 фотографии1 | 14
Знам само дека денес во Македонија одамна исчезна се‘ што беше поврзано со тоа време и со неговите идеали. Во денешното македонско општество славата најчесто не им припаѓа на тие „со одличен успех и примерно поведение“. Напротив, вештите во партиската политика и лукавите во брзото збогатување, им сугерираат на сите дека денес не се исплати ниту знаењето, ниту учењето. Македонија станува се‘ повеќе земја на полуписмени и на културни аналфабети. Осредноста и неукоста владее небаре насекаде, затоа што умее да се снајде во општествениот и политички хаос. Денешните нови богаташи бездруго би му се потсмевале на педагошкиот патос на нашите социјалистички учителки. Затоа што се уверени дека тие со пари можат да купат се‘. И дипломи и свидетелства и вработување! Само што тие никогаш нема да ја разберат тајната на записот врз пожолтените страници во книгите во нашите личните библиотеки. Шифрата скриена во реченицата „за одличен успех и примерно поведение”. Таа сведочи за времето, во кое учењето и успехот во образованието, на учениците им се сугерираше од првата школска година и со одликувања и особени ритуали. Тоа беше времето во кое најголемиот број од нас веруваа дека извонредното образование, науката и умот ги отвораат сите врати. Но, за да се верува во тоа, некој навистина треба да ви го покаже примерот на човек, кој тоа веќе го постигнал. Во тој кус миг, секоја наградена ученичка и ученик чувствуваа дека тие постигнале нешто што е достојно за почит од сите. Без тој ерос за учењето, без позитивниот натпревар меѓу најдобрите, без признание за најдобрите, нема напредок во образованието и науката.