1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

За пожарот во Тетово се најавуваат пријави за болницата

ДТЗ
13 мај 2022

Јавното Обвинителство подготвува кривични пријави за едно правно и три физички лица, по трагедијата во тетовската модуларна болница во која починаа 14 лица.

Nordmazedonien Brand in einem Krankenhaus in der Stadt Tetovo
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Предистражната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, во којшто животот го загубија 14 лица, одговорноста ја лоцираше во здравствената установа, како и во три одговорни лица во болницата, дознаваме од извори од државното Јавно обвинителство. Најавите се дека ќе бидат поднесени пријави против три физички и едно правно лице за трагедијата којашто се случи минатата година. 

Осум месеци по несреќата, петмината обвинители коишто учествуваа во предистражната постапка реферираа пред Јавното обвинителство. Во текот на идната недела се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово на понатамошна постапка. По завршувањето на истрагата ќе биде поднесена пријава.  

Досега јавно беа обелоденети само детали од извештајот којшто го изготвија македонските крим-техничари кои на 10 октомври го доставија својот извештај до обвинителите коишто ја водат истрагата. Македонските крим-техничари утврдија дека пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабелна дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. 

Ова беше единствениот конкретен податок којшто укажуваше која била иницијалната каписла за избувнувањето на пожарот. Неколку месеци подоцна својот извештај го доставија и германските експерти коишто вршеа вештачење во странски лаборатории. Деталите од документот не беа објавени во јавноста, но делови од него, според обвинителите, се поклопуваат со сознанијата на македонските крим-техничари. 

Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Потврдена беше смртта на 14 лица кои биле директни жртви на огнената стихија. Најмалку 12 лица беа повредени. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми