1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Реал во Минхен ќе биде „пеколно“

ЕМФ/сид/макфакс28 април 2014

За пласман во финалето на Лигата на шампиони во фудбал, германски Бајерн Минхен ќе мора да го победи Реал Мадрид на домашен терен. Тренерот Гвардиола се надева во поголемата волја за пoбеда нa својата екипа.

Фотографија: AFP/Getty Images

Првиот човек на Управниот одбор на Бајерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, најавува дека утрешниот (29.04) меч против Реал Мадрид ќе биде повеќе од интересен. Реал „ќе доживее пекол“ во Минхен, најавуваа Румениге и додава дека за тоа на тимот ќе му треба и помош од публиката. Дури и тренерот Пеп Гвардиола нагласува: „Не можеме сами. Навивачите исто така сакаат да стигнат до Лисабон. Ќе се обидеме сите заедно.“

Според Гваридола, на утрешниот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампиони, од решавачко значење ќе биде поголемата волја за победа, а таа кај Бајерн е повеќе од силна. Реал, во првиот натпревар кој се одигра минатата среда во Мадрид, победи со 1:0, со голот на Карим Бензема.

Гвардиола верува во силната волја на својот тимФотографија: Reuters

Во Бајерн верува и тренерот на Борусија Јирген Клоп. „Секако дека на Бајерн му посакувам многу среќа на тој натпревар. Убеден сум дека Бајерн ќе го добие овој дуел“, рече Клоп. Борусија од Лигата на шампиони беше елиминирана токму од Реал - во Мадрид беше 3:0, додека во реваншот Борусија победи со 2:0.

Вториот полуфинален реванш од ЛШ ќе се одигра во среда, во Лондон, каде Челзи ќе го пречека Атлетико Мадрид.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми