1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За статусот на Косово - забрзано

2 февруари 2006

Претставникот на САД во преговорите за статусот на Косово, Френк Визнер, изјави дека САД ќе го поддржат Косово во процесот на утврдување на статусот.

Косово
КосовоФотографија: dpa

Визнер вчеравечер во Приштина изјави дека статусот треба да биде резултат кој нема да понуди враќање на состојбата од пред 1999 година и резултат кој ќе ги зачува границите. Според Визнер, ставовите на Контакт групата, која во Лондон порача дека треба да се прават напори за решавање на статусот до крајот на оваа година, се донесени единствено и дека ставот на Русија не се разликува од останатите.

Од посебно занчење во процесот на утврдување на статусот на Косово, според Фолкер Каудер, шеф на парламентарната делегација на германските партии на унијата, која исто така вчера беше во посета на Приштина , е гаранцијата на заштита на малцинствата и на историските и верските објекти. “Констатирано е дека позицијата на косовската страна е добра, дека таа има добри ставови и дека може слободно да влезе во преговори за да се дојде до најдоброто можно решение“, изјави Каудер во Приштина. Косовскиот премиер, Бајрам Косуми, по разговорите со германската делегација, рече дека разговорите за статусот ќе завршат во текот на 2006-та година и дека Косово ќе стане независна држава.

“Косово нема време за губење по прашањето на статусот. Ние,како влада, сме подготвени да ги ставиме на располагање сите потребни документи за средбата во Виена, која треба да се одржи најбргу што е можно“, изјави Косуми.

Инаку, на Косово, заклучоците на Контакт групата беа поздравени од претставниците на институциите и политичките аналитичари. Политичкиот аналитичар, Енвер Хоџај, изјави дека оценките на Контакт групатасе реални, особено ставот дека идната одлука треба да биде израз и на желбата на народото на Косово и состојбата на Косово по 1999 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми