1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Алтернатива за Германија“:популизам и повеќе

Кај- Александер Шолц/ сн13 март 2016

Анкетите ѝ предвидуват успех на „Алтернатива за Германија“ на денешните (13.3.) избори во три германски сојузни покраини. Но какви позиции всушност застапува оваа партија освен што ги обединува протестните гласови?

Фотографија: DW/D. C. Heinrich

Алтернатива за Германија (АфД) важи за деснопопулистичка партија која, за цел да добие гласови на изборите, игра на картата страв од бегалците во Германија. Социологот Андреас Кемпер, кој се занимава со АфД, потсетува дека оваа партија на почетокот не беше таква. Бернд Лике ја основаше АфД од протест кон политиката за спас на еврото. Тој уште тогаш во суштина следеше неолиберален проект- „значи политика, која ги засилува разликите помеѓу богатите и сиромашните“, објаснува социологот Кемпер.

Тоа што, и покрај отстaпувањето од идејата на Лике сѐ уште постои силно неолиберално крило во АфД, го покажува и случајот на Елис Вајдел. Оваа 36-годишна економистка ја води програмската комисија на партијата. Таа својата кариера ја започна со своите радикални пазарни идеи. Вајдел денес се залага за укинување на данокот на имот, што е основно барање на неолибералните теоретичари. На конгресот на АфД во април би требало да биде усвоена програмата на партијата- а Елис Вајдел притоа влече многу конци.

Фотографија: E. Schumacher

Три крила во партијата

Кемпер, кој ја истражува АфД од гледиште на нејзиниот социо-демографски состав, освен неолиберално, гледа уште две партиски крила.

Евангелистите и ултракатолиците го сочинуваат клерикалното крило. Тие би сакале да ја променат политиката која претходните години се водеше кон малцинствата и рамноправноста. Централна фигура е Беатрикс фон Шторх, која истовремено се води и како „врска со германското благородништво“.

Бјерн Хеке и Андре Погенбург се водат како т.н. нови десничари во АфД, односно како оние кои ја претставуваат десничарската мисла во конзервативните кругови. „Овие три групи се дополнуваат и токму таа содржинска колекција на различни ставови е она што во моментов го издвојува АфД“, смета Кемпер.

Оној вистинскиот ЦДУ“?

Тоа дека не постои само една Алтернатива за Германија сметаат и други набљудувачи. Политикологот Хендрик Трегер АфД ја опишува како „идеолошко-политичко-стратешка хетерогена протестна партија со карактер на група во која постојат различни интереси, но која ја обединува една цел“. Трегер смета оти би било премногу едноставно кога за АфД би се зборувало само како за деснопопулистичка партија. Алтернативата истовремено ги застапува конзервативните, национал-конзервативните и економско либералните вредности. Но недостатокот на профил, односно недоволна профилираност на страната, неа во моментов воопшто не и’ нанесува штета бидејќи во прв план е- протестот.

Вернер Пацелт кој ги проучува политичките партии, смета дека оценката оти АфД е деснопопулистичка партија од една страна е точна, а од друга не е. АфД е германска форма на оној десничарски популизам кој „во други земји во Европа е составен дел од сцената и кој се подразбира во тамошните политички системи“. Пацел смета оти интересот за АфД е толку голем поради тоа што оваа партија е нешто ново за Германија. Во минатото, вели Пацел, партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) беа во во можност да го интегрираат десничарскиот популизам.

Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch

Со „социјалдемократизацијата“ која ѝ се случи на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) под раководство на Ангела Меркел заврши и таа интеграција. Конзервативците и десничарите повеќе не добиваа доволно внимание и беа држени далеку од можноста за напредување во партијата. „Оние кои останаа без татковина“ самите себеси, меѓутоа, воопшто не се гледаат како десничарски популисти, туку делуваат како да се тие „оној вистинскиот ЦДУ“. Натамошното зајакнување на АФД затоа ќе зависи од тоа во која мерка партиите на Унијата овој потенцијал повторно ќе можат да го интегрираат.

„Реконсолидирање на Унијата, кон крајот на ерата на Ангела Меркел, мора да подразбира повторно придобивање на десничарскиот дел“, смета Пацелт.

Профитери од сеопштите промени

Сепак, зад моменталниот успех, стои и „големата духовно-политичка моќ на делување“. Новите десничари ќе ја поттиснат досегашната интелектуална хегемонија т.н. 68-осмаши, кои левичарско-зелената мисла ја етаблираа како нормален стил на размислување. Како тогаш „во екот на 68-осмашкото движење, кога левицата го одзеде значењето на граѓанските партии, така сега се надзира нова промена на парадигмата. Од тоа АфД би можела да профитира доколку успее да се спротистави на радикално-десничарското застранување- значи доколу глупавите не го водат главниот збор“, смета Пацелт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми