1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Збогум Босна, добредојде РС-егзит

БГ /АФП
18 февруари 2020

Нова политичка криза во БиХ. Босанските Срби се закануваат со сецесија од БиХ доколку не успеат во барањето да се исфрлат странските судии од највисокиот суд во земјата.

Bosnien Milorad Dodik
Фотографија: DW/Samir Huseinovic

Парламентот на Република Српска даде рок од 60 дена за реформа на Уставниот суд на Босна и Херцеговина или во спротивно се закани со сецесија.
„Збогум Босна, добредојде РС-егзит“, порача членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик во парламентот на РС синоќа. „Ќе се видиме за 60 дена“.
Уставниот суд во моментов е составен од тројца странски судии, двајца Хрвати, двајца Муслимани и двајца Срби; врз основа на Дејтонскиот мировен договор.
Проблематична за босанските Срби е минатомесечната пресуда на судот дека нераспределеното земјоделско земјиште автоматски станува сопственост на државата БиХ, наместо на Република Српска- што е спротивно на законот во тој ентитет.
„Србите се фрустрирани поради постојаните напори да се уништи нивниот идентитет“, изјави претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ.
Пратениците во парламентот на РС ја поддржаа одлуката донесена минатата недела, сите српски претставници во централните тела на БиХ да не учествуваат во нивната работа и донесувањето одлуки.
Во петокот, странските амбасадори предупредија дека „едностраното повлекување од институциите, или блокадата на донесувањето одлуки во нив, е неприфатливо“.
Но според Додик, последната одлука на Уставниот суд „ја преминала црвената линија“. Тој од поодамна најавува референдум за отцепување на Република Српска од БиХ, а деновиве го обвини Западот дека „ја задушува Република Српска“.
Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, денеска му порчаа на Додик дека нема да има никаков „егзит” на Република Српска, но и дека нема да добие ниту најмала отстапка околу статусот на Уставниот суд.

Додик во парламентот на Република СрпскаФотографија: DW/D.Maksimovic
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми