1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со маски само со аптека и во автобус

ДТЗ
12 април 2022

Нема веќе задолжително носење маски во затворени простории. Одлуката не важи за болници, аптеки, јавен превоз, установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.

Deutschland | Coronavirus | Wegfall der Maskenpflicht
Фотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Владата ги усвои новите ковид-мерки со кои се укинува задолжителното носење маски во затворен простор во Северна Македонија. На владина седница во вторникот (12.04) е усвоена и одлуката со која средношколците не се обврзани да носат заштитни маски во училиште. Ваквите одлуки претходно беа препорачани од Комисијата за заштита од заразни болести, а го поминаа и филтерот на Главниот координативен кризен штаб. 

Со одлуката на Владата е предвидено маски да се носат во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби. 

Учениците, пак, во средните училишта можат да следат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитни маски. Во иднина ќе можат да се организираат екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице. Претходно беа тргнати маските и за учениците во основните училишта. 

Олабавувањето на ковид-мерките е резултат на подобрената епидемиолошка состојба во земјата. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми