Американската актерка Кери Фишер стана светски позната во легандарната кино-сага „Војна на ѕвездите“. Таа почина на 60-годишна возраст од последиците на тежок срцев удар.
Реклама
Така ја запознаа - и така таа ќе остане во сеќавањата на милиони вљубеници во филмот ширум светот: како Леја Органа, предводничката на бунтот против Империјата. Со само 19 години Кери Фишер за првпат ја играше улогата . Во четири епизоди од филсмкиот серијал „Војна на ѕвездите“ , таа ја отелотворуваше храбрата принцеза, трипати во оригиналната трилогија од 1977 година до 1983 година а последниот пат со само краток камео-настап во 2015 во седмата епизода наречена „Силата се буди“
Силата нека биде со тебе
01:07
Кери Фишер почина на 27. декември, само неколку дена по преживеаниот тежок инфаркт. Во минатиот петок (23.12.) таа ја изгубила свеста кратко пред слетувањето на авионот со кој патувала до Лос Анџелес. Таа добила итна медицинска помош во самиот авион, која ѝ ја укажал нејзиниот лекар кој летал заедно со неа. По слетувањето итната медицинска помош извршила реанимација. Фишер потоа била хоспитализирана во критична состојба веднаш по приземјувањето на авионот на аеродромот.
Според медиумските извештаи таа штотуку го имала завршено снимањето за британската телевизиска серија „Катастрофа“ .
Актерката е родена во 1956 година во проминентно семејство во Лос Анџелес. Нејзина мајка е холувудската глумица Деби Рејнолдс а татко ѝ пејачот Еди Фишер. Фишер покрај животната улога во „Војна на ѕвездите“, настапувше меѓудругото и во филмовите „Блуз браќа“ и „Кога Хари ја сретна Сели“. Покрај тоа таа има напишано и осум книги меѓу нив и сопствените мемоари кои го објави оваа година под насловот „Дневникот на принцезата“
2016 - година на загуби на познати личности
Џорџ Мајкл, Леонард Коен, Принц...Оваа година голем број познати уметници засекогаш ја напуштија бината. Ретроспектива на дел од ѕвездите чија смрт посебно го погоди светот.
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/Keystone
Џорџ Мајкл († 25.декември, 53 години)
Како музичкиот свет годинава да не претрпе доволно загуби! Кратко пред крајот на годинава неочекувано почина и Џорџ Мајкл. Стана познат со дуото „Вам!“ во 1980-те години, од 1987. година почна соло кариера. На бината Џорџ Мајкл остана 40 години, продаде околу 100 милиони албуми. Ретроспектива на ѕвездите чија смрт посебно го погоди светот.
Фотографија: Reuters/H. Bader
Дејвид Боуви († 10. јануари, 69 години)
Дејвид Боуви важи за еден од најзначајните рок-музичари на минатиот век. Неговата музика опфаќаше најразлични стилови од глам рок, њу романтик, краутрок и денс музика, па се до алтернативен рок, соул и хард рок, комбинирано со неверојатна мешавина од личности. Со продадени 140 милиони носачи на звук, Боуви е еден од најуспешните музички ѕвезди.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Умберто Еко († 19. февруари, 84 години)
Кога универзитетски професор и лингвист ќе одлучи да напише роман, не мора секогаш да биде крунисано со успех. Но Умберто Еко токму со својата професија професор знаеше да пишува романи интересни и за пошироката публика. „Името на розата“ во 1980. година стана бестселер во цел свет. Неговите романи се преведени на 60 јазици.
Фотографија: Imago/Leemage
Џорџ Мартин († 8. март, 90 години)
Битлси знаеле точно да „намирисаат“ кога потпишале договор со музичкиот продуцент Џорџ Мартин. Тој продуцираше песни како „I Want to Hold Your Hand" или „Yesterday". Неретко Мартин го нарекуваат и „петтиот Битлс“.
Таков го сакаа фановите, откачен“ и самоуверен: Принц Роџер Нелсон беше мал по раст, но со огромно его. Роден во Минеаполис како син на пијанист и џез-пејачка, тој достигна до врвот на популарноста во музичката бранша во САД. Компонираше, свиреше бројни инструменти, беше шоу-гениј и исклучително успешен продуцент. По Боуви, со Принц замина музичар кој остави печат на 20. век со својата музика.
Фотографија: picture-alliance/dpa/BELGA/D. Waem
Бад Спенсер († 27. јуни, 86 години)
Спенсер, роден во Неапол во 1929 година под името Карло Педерсоли, стана познат и омилен заедно со Теренс Хил, преку филмовите како „Четири тупаници за алелуја“, „Две небески кучиња на пат кон небото“. Нееднаквиот дует со децении жнееше меѓународни успеси пред камерите и остави печат врз жанрот италијански шпагети вестерн во 1960-те години.
Фотографија: picture alliance/dpa/United Archives
Анджеј Вајда († 9. октомври, 90 години)
Тој е „сликар на историјата на полското кино“, рече еднаш за себе полскиот режисер, и - имаше право. Темите на Вајда беа историјата и сегашноста на Полска, од 19. век до движењето „Солидарност“ во 1980-те години. Вајда доби бројни меѓународни признанија, а во 2000. година и Оскар за животно дело.
Фотографија: Getty Images/A. Rentz
Олег Попов († 2. ноември, 86 години)
Олег Попов одушевуваше генерации деца со улогата на „Иванушка“. Притоа, неговите скечови беа длабокомислени. Критичарите и фановите го нарекуваа „кловн-сончев зрак“ или „циркуски поет“. Тој почина ненадејно за време на турнеја во Ростов на Дон.
Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“. Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, од кои последниот во октомври 2015. година.
Фотографија: Reuters/V. Flauraud
За За Габор († 18. декември, 99 години)
Дали навистина имаше 99 години, не е познато, зашто Габор своите години радо ги чуваше во тајност. За разлика од возраста, не беа тајни нејзините осум брака со најчесто познати мажи или бројните љубовни афери. Унгарката За За Габор поради акцентот играше главно споредни улоги. Стана позната по улогата во филмот „Мулен руж“.