Здравствената состојба на Ариел Шарон , многу критична
5 јануари 2006
Израелскиот премиер Ариел Шарон се наоѓа во критична состојба откако му беше извршена 7 часовна операција , поради тешкиот мозочен удар што го доживеа синоќа.
Лекарите успеале да го запрат внатрешното крварење на мозокот и тој се наоѓа во соба за интензивна нега во длабока кома , приклучен на апарати за одржување на животните функции.
Така ќе остане и во наредните 24 часа изјави на попладневиот брифинг директорот на на болницата Хадаса во Ерусалим, Шломо Мор Јосеф.
„ Премиерот Шарон се наоѓа на оделението за интензивна нега во тешка но стабилна состојба . Тој е под анестезија и приклучен на респираторни апарати . Постојат многу шпекулации во јавноста за состојбата на премиерот , но јас ветувам дека за секоја промена навремено ќе ги известам граѓаните на Израел“
По синоќешните вознемирувачки информации од болницата Хадаса , пристигна очекуваната вест дека надлежностите на премиерот се преврлени на неговиот заменик Ехуд Олмерт. Како прва активност тој свика итна седница на владиниот кабинет и искажа желби за шѓто побрзо оздравување на Шарон .
„Во овие часови ние сите се молиме и полни сме со надеж за брзу оздравување на нашиот премиер . Нашите очи но и очите на светот се свртени кон болницата Хадаса“.
За точноста на овие зборови на Олмерт зборуваат и пораките кои веднаш ги упатија светските државници. Прв во редот беше американскиот претседател Џорџ Буш најави дека тој и американските граѓани ќе се молат за оздравување на Шарон.
Буш , но и германската канцеларка Ангела Меркел и останатите светски лидери зборуваа за Шарон како за човек на храброста и мирот:
„Ариел Шарон е стожерна фигура во Израел и не само таму туку и во целиот регион . Нашите молитви и мисли се со семејството на премиерот , неговите пријатели и луѓето на Израел“- рече пак британскиот министер за надворешни работи Џек Строу.
Инаку Шарон во декември претрпе мал мозочен удар но по два-три дена засилено темпо им се врати на премиерските обврски , но и на подготовките за учество на парламентарните избори со новата партија Кадима , која ја основа откако неговата доскорешна партија Ликуд му ја откажа довербата , поради повлекувањето на израелските населби и војници од појасот Газа , мерка која тој ја спроведе на крајот од минатото лето . Шарон во моментов е најпопуларен политичар во Израел и многумина граѓани во земјата веруваат дека тој е единствениот кој може да најде решение за деценискиот конфликт со Палестинците. Премиерот на палестинската автономна власт Ахмед Кореи посака:
„За нас Палестинците најважно е пред се , Шарон да оздрави и второ се надеваме дека израелските лидери ќе бидат на страната на мирот и оти ќе започнеме многу сериозни преговори“