1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелените бараат поголем данок за богатите

27 ноември 2011

Партијата на зелените во Германија викендов оддржа конгрес во градот Кил на кој истакна барање богатите позасилено да се вклучат во надминувањето на финансиската криза.

Од конгресот на Зелените во КилФотографија: dapd

Делегатите на конгресот на опозициската Партија на зелените во Кил со големо мнозинство прифатија цела палета од економски и финансиски реформи, која истовремено беше оценета како „истовремено социјално и еколошки ориентирана“. Зелените имаат намера доколку дојдат на власт со даночна стапка од 49 проценти за најбогатите во земјата и со данокот на богатство со ограничено важење да ја повратат делотворноста на државата и покраините и да се справат со големите задолжувања, беше истакнато на конгресот. На среден рок тие планираат повторно воведување на данокот на богатство, кој треба да биде во полза на презадолжените германски покраини.

Шефот на пратеничката група на Зелените во Бундестагот Јирген Тритин се обраќа пред делегатитеФотографија: picture-alliance/dpa

Нова постапка за забрана на НПД

Партијата на зелените на средбата во Кил го потврди својот став за воведување државно гарантирана минимална плата од 8,50 евра за еден час работа.

Шефот на пратеничката група на Зелените во Бундестагот Јирген Тритин резимираше дека програмата на Зелените предвидува штедење, намалување на субвенциите и подобрување на наплатата на државните давачки.

На крајот од конгресот Зелените по контроверзната дебата се изјаснија и за покренување на нова постапка за забрана на десноекстремистичката Националдемократска партија на Германија (НПД). Таа треба да започне кога за тоа ќе постојат услови, се вели во заклучокот усвоен на конгресот. Изгледите за успех на таквата постапка меѓутоа се ограничени, се’ додека е нејасно колку многу информанти има контраразузнувачката служба во редовите на десноекстремистичката партија, стои во заклучокот.

Делегатите на конгресот во рамките на темата „Jакнење на демократијата“ го усвоија и заклучокот кој предвидува младите постари од 16 години да можат да гласаат на избори. Актуелниот закон предвидува право на гласање по навршени 18 години.

Автор:СН/ЖА/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми