1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелените се изјаснуваат за атомската енергија

25 јуни 2011

Партијата на Зелените на вонреден конгрес во Берлин го „пегла“ ставот околу откажувањето од нуклеарна енергија. Зошто кај Зелените, кои отсекогаш се против атомска енергија, има и такви кои се против предлогот на власта?

Клаудија Рот и Џем Ездемир, раководно дуо на Зелените
Клаудија Рот и Џем Ездемир, раководно дуо на ЗеленитеФотографија: dapd

Според предлогот на владејачката коалиција во Германија, откажувањето од атомска енергија треба да се реализира до 2022 година. Дел од членството на Зелените, особено претставниците на анти-атомското движење, сметаат дека откажувањето може да се спроведе до 2017 година.

„По повеќедецениска борба, постигнавме вистинска победа“, рече денеска (25.06) на вонредниот конгрес на Зелените во Берлин, шефицата на партијата Калудија Рот. Таа од делегатите побара да гласаат за намерите на владата за откажување од атомска енергија, но дали раководството ќе ја убеди базата е нејасно. Партиската база е поделена на застапници и противници на постигнатиот компромис околу исклучувањето на атомските централи во земјата. Џем Ездемир, вториот човек на врвот на Зелените, вели:

Анти-нуклеарното движење смета дека централите може да бидат затворени до 2017 годинаФотографија: AP/ DW-Fotomontage

„Ние како претседателство на партијата сметаме дека откажувањето од атомска енергија треба да биде поддржано. Зошто? Затоа што во суштина тоа се заснова на она што ние веќе го имаме договорено во времето на црвено-зелената влада, и затоа што сегашниот план дури оди подалеку што се однесува до роковите за исклучување на централите. Според она што ние тогаш го планиравме, последната атомска централа ќе беше исклучена најверојатно во периодот од 2023 до 2026 година, а сега се предвидува тоа да се случи во 2022 година. Што се однесува до нас, може да биде и порано.“

Разочараност кај голем број партиски членови

Но партиското раководство ќе треба да ја убедува базата дека она што сега го предлага црно-жолтата коалиција на демохристијаните и либералите е добро. Голем број припадници на Зелените се разочарани и бараат побрзо откажување од атомска енергија. Пред салата каде што се одржува конгресот на Сојузот 90/Зелени, има демонстрации на анти-нуклеарното движење со барање да не се гласа за предлогот на владејачката коалиција, затоа што, како што се вели „затворањето на нуклеарните централи во земјата мора да оди побрзо“.

Фотографија: picture-alliance/ dpa

Првиот човек на либералите, Филип Реслер, им советува на Зелените да го прифатат предлогот на владата околу откажувањето од атомска енергија, зашто ако тоа не го сторат, „ризикуваат да заминат во аут“ како партија. Шефот на пратеничката група на Партијата на левицата, Грегор Гизи, пак, смета дека поддршката што раководството на Зелените му ја дава на предлогот на владата, е обид на Зелените да „станат можни партнери за коалицирање“. „Претстава од соништата за Зелените е да ги заменат либералите и да можат да бираат дали би биле во коалиција со Унијата или со СПД“, изјави Гизи.

Автор: ЕМФ/дапд/афп/дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми