1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зелено светло за вакцината против корона во ЕУ

ЕМФ | агенции
21 декември 2020

Европската агенција за лекови (ЕМА) даде условена дозвола за првата вакцина против корона во ЕУ. Формално согласност вечерва даде и Европската комисија.

Corona Impfstoff Pfizer
Фотографија: Robin Utrecht/picture alliance

Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево во Амстердам препорача условена дозвола за вакцината против корона од фармацевтските компании Бионтек и Фајзер Со тоа, речиси сосема е отворен патот за масовно вакцинирање во Европската унија. Формално своја согласност вечерва даде и Европската комисија. 

Директорката на ЕМА, Имер Кук, оцени дека условената дозвола за вакцината против короната претставува „историско научно достигнување“. При давање условена дозвола, производителот е обврзан да и' дава на ЕМА податоци, на пример за долгорочното дејство на вакцината, и по почетокот на регуларното вакцинирање.

Седиштето на ЕМА во АмстердамФотографија: Robin Utrecht/picture alliance

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан зборува за „клучен чекор во борбата против пандемијата“: „Веќе по Божик ќе бидат вакцинирани првите стари лица во старечките домови, затоа што прво ги вакцинираме најранливите“, соопшти Шпан.

Повеќе:

Зошто процесот на одобрување на вакцината во ЕУ трае подолго?

Гутереш во Берлин: Ковид-вакцината им припаѓа на сите луѓе

Вакцина: Зрак на надеж

Вакцината веќе има добиено дозвола, меѓу другите земји, и во Велика Британија, САД и Канада. Таа, според Бионтек и Фајзер, има ефикасност од околу 95% и се препорачува за лица над 16 години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми