1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зелено светло за задолжителна вакцинација во Австрија

ЕМФ | агенции
4 февруари 2022

Општата обврска за вакцинирање во Австрија ја мина и последната парламентарна пречка.

Symbolbild I Impfpflicht
Фотографија: Eibner-Pressefoto/EXPA/Feichter/imago images

Австрискиот Бундесрат вчеравечер (3.02) со големо мнозинство даде зелено светло за задолжителна вакцинација против коронавирус во земјата. За законот да стапи во сила, потпис треба да стави и претседателот Александер ван дер Белен. Агенцијата АПА јавува дека задожителната вакцинација би можела да стапи во сила евентуално веќе од утре.

Од обврската за вакцинирање се погодени речиси сите возрасни лица, со исклучок на бремените жени и лицата кои не смеат да се вакцинираат од медицински причини. Со тоа Австрија станува прва земја од ЕУ која воведува задолжителна вакцинација за сите лица над 18-годишна возраст кои имаат место на живеење во земјата, за разлика од Грција и Италија, каде обврска за вакцинирање имаат само постарите граѓани.

Спроведувањето на обврската ќе се одвива во фази. Со контроли ќе се почне на 15 март. При прекршок, по скратена постапка, следуваат казни до 600 евра. Доколку се поднесе жалба, на крајот од судскиот процес се заканува казна од 3600 евра. Судовите претпоставуваат дека ќе има поплава од жалби. Стапката на вакцинација во Австрија е 69%.

Проверка на вакциналниот статус во трговски центар во ВиенаФотографија: Lisa Leutner/AP/picture alliance

Министерот за здравство на Австрија, Волфганг Микштајн, изјави дека задолжителната вакцинација е „далекувидна“ и „особено одржлива“ мерка. Со неа нема веднаш да се прекине бранот на Омикрон, но таа ќе донесе заштита од нови корона-бранови и вирусни варијанти, оцени Микштајн.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми