Зелено светло за преговори со Хрватска
18 декември 2004“ Тоа е услов кој и до сега постоеше. За сите одлуки на Европскиот совет, за статусот на кандидат, за почеток на преговорите, секогаш важеше условот целосна соработка со Хаг. Она што стоеше до утрината, дека таа соработка мора да биде потврдена пред почетокот на преговорите, тоа е она што го нема и што е ново. Останува голиот услов кој и да не е напишан останува, како услов за напредок во процесот на приближување“ рече Санадер
Предлогот со Хрватска да стартуваат преговорите во Март најпрвин го протурка премиерот на Словачка, Зуринда, идејата потоа ја прифати Луксембург, земја која ќе претседава со Унијата во првата половина на наредната година. На крајот предлогот го прифати и Велика Британија. Во игра е извештајот за соработката на Хрватска, до Европскиот совет да го достави Луксембург, земја која е меѓу оние кои се залага за безусловен почеток на преговорите, што го потврди и премиерот Санадер кој го толкува конечниот закључок за Хрватска:
“ Немојте да го мистифицираме текстот одлуката. Во неа се вели: преговорите почнуваат на 17 Март 2005 под услов целосна соработка со Хаг. Нема дополнителна потврда, што беше случај до утрината, нема потврда од Европскиот совет, што беше до утрината или вчера. Постои значи услов за целосна соработка со Хаг што и досега беше случај. Тоа значи дека Хрватска ќе се оценува дали во целост соработува околу случајот со генералот Анте Готовина“
Хрватскиот премиер најави дека веднаш ќе започнат интензивни консултации околу составот на преговарачките тимови. При тоа тој ги истакна неопходните квалитети за членови на преговарачкиот тим, а тоа се стручноста, способност за преговори и одлично владеење на англискиот јазик.