1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зелено светло од Европарламентот за ковид-пасошот

СН/агенции
9 јуни 2021

Дигиталниот Ковид-сертификат за полесно патување во ЕУ мина уште една важна пречка пред конечното усвојување. Пратениците на Европскиот парламент ги одобрија деталите за сертификатот кој ќе важи во целата Европска унија.

Coronavirus Symbolfoto Impfprivilegien
Фотографија: Weber/Eibner-Pressefotopicture alliance

Европскиот парламент го поддржа воведувањето на дигитален ковид-сертификат, како за граѓаните на ЕУ,  така и за државјаните од трети земји.

Усвоениот пакет мерки предвидува сите држави членки на ЕУ да ги прифатат потврдите за вакцинација, негативен резултат од ПЦР- тест или прележан Ковид-19 што треба да го олесни слободното движење во рамки на ЕУ, да доведе до постепено укинување на ограничувањата на координиран начин и да придонесе за економско опоравување.

Дигиталниот зелен сертификат би требало да започне со примена на 1. јули 2021 година и да важи 12 месеци. Претходно тој треба да ја мине и последната пречка: формално одобрување од земјите членки на Унијата. 

Повеќе:

-Европските ковид-пасоши влегуваат во сила од 1 јули

-Со Ковид-пасош до големата слобода, но како?

-Ковид-пасошите во ЕУ доаѓаат налето?

Европскиот парламент го поддржа предлогот сертификатите да се издават бесплатно од страна на националните власти на земјите членки и да бидат достапни во дигитален и во печатен облик кој ќе има КјуАр- код. 

Европратениците инсистираат државите во ЕУ да не можат да им наметнат дополнителни ограничувања за патување на сопствениците на сертификатот, како карантин, самоизолација или тестирање, „доколку не се неопходни и пропорционални поради заштита на јавното здравје“.

Сите земји во ЕУ мораат да ги прифатат потврдите за вакцинација издадени во другите држави членки за вакцинација кои ги одобрила Европската агенција за лекови (ЕМА).

На државите членки останува да одлучат дали ќе ги прифатат и сертификатите за вакцините одобрени во согласност со националните процедури за одобрување или за вакцините за итна употреба кои ги одобри СЗО. Во Европскиот парламент нагласуваат дека сертификатот треба да го олесни движењето во ЕУ, но нема да биде и предуслов за слободно движење и оти нема да се смета за патна исправа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми