1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски бара прием на Украина во ЕУ

ЕМФ | агенции
26 февруари 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара прием на Украина во Европската унија.

Ukraine-Konflikt - Präsident Selenskyj
Фотографија: Uncredited/Ukrainian Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

„Ова е одлучувачки момент за ставање крај на долгогодишната дискусија еднаш засекогаш и за носење одлука за членство на Украина во ЕУ“, напиша на Твитер денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој наведува и дека со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, дискутирал за „натамошна ефикасна помош“, како и за „херојската борба на Украинците за својата иднина“.

Членство на Украина во ЕУ досега се сметаше за исклучено. Според експертите, такво нешто би го направило невозможно барањето заеднички јазик со Русија. Прашањето на приближување на Украина до ЕУ беше повод за масовните протести на централниот плоштад во Киев во 2014 година. Протестите во 2014 година доведоа до соборување на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович. Потоа следуваше анексија на полуостровот Крим од страна на Русија.

„Антивоената коалиција функционира“

Украинскиот претседател Зеленски денеска на Твитер најави и нова испорака на оружје од страна на западните партнери. „Оружје и опрема од нашите партнери се на пат за Украина. Антивоената коалиција функционира“, напиша Зеленски на Твитер по телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно Зеленски во видеопорака ги демантираше информациите дека ги повикал украинските сили на капитулација. „Нема да го положиме оружјетои ќе ја браниме нашата земја“, вели тој.

- повеќе: Лажните оправдувања на Путин за инвазијата врз Украина

Според проценките на Макрон, војната во Украина „ќе трае“. „Мора да се подготвиме на такво нешто“, предупреди францускиот претседател на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство во Париз. Затоа, како што додаде Макрон, неговата влада работи на план за амортизирање на економските последици за француските компании.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми