1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски го отпушти шефот на украинската тајна служба

ЕМФ | агенции
18 јули 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им даде отказ на шефот на тајната служба и на шефицата на јавното обвинителство поради предавства во безбедносниот апарат на земјата.

Wolodymyr Selenskyj in Dnipro
Фотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

Околу 60 соработници на украинската тајна служба и на јавното обвинителство останале на териториите окупирани од страна на Русија и соработуваат со непријателот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање. Поради тоа, тој им дал отказ на шефот на тајната служба СБУ, Иван Баканов и шефицата на Јавното обвинителство, Ирина Венедиктова.

Украина се брани од руската инвазија од февруари годинава. Зеленски од почетокот на инвазијата нема направено речиси никакви персонални промени. Сега својата одлука ја образложи со бројки:

„До денеска, поради предавство на земјата и соработка (со непријателот, н.з.) се покренати 651 кривични постапки против соработници на Обвинителството, институциите за предсудски истраги и други органи за кривичен прогон. Во 198 случаи осомничените се информирани за обвиненијата против нив.“

Зеленски зборуваше за „самопрочистување на институциите“. Тој најави дека ќе продолжи инспекцијата на безбедносниот апарат.

- повеќе: Војна на дронови: Зошто Украина толку често ги користи овие летала?

Иван Баканов е човек близок на Зеленски уште од времето кога украинскиот претседател беше комичар. Тој ја водеше тајната служба од 2019 година. За него не е именуван наследник. На чело на Обвинителството, пак, привремено доаѓа Олексиј Симоненко.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми