1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски: Не отстапуваме територија заради мир со Русија

ЖА / агенции
26 мај 2022

Во одделни делови од источна Украина, руските трупи се бројно далеку надмоќни, изјави украинскиот претседател Зеленски. Тој одбива било какви територијални отстапки кон Русија.

Ukraine, Präsident Selenskyj
Фотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Руските трупи вршат интензивни напади на преку 40 градови во Донбас, загрозувајќи ја последната бегалска рута за цивилното население од источна Украина, соопшти украинската војска на Фејсбук.

Во регионите Доњецк и Луганск, според истиот извор, се уништени или оштетени повеќе од 47 цивилни објекти, меѓу кои 38 станбени згради и едно училиште, а убиени се пет цивили и ранети 12.

Ситуацијата е тешка - украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските трупи во одделни делови во источна Украина се „бројно далеку надмоќни" во однос на украинската војска.

По неуспешниот обид за заземање на Киев и вториот по големина град Харков,  Русија својата офанзива ја концентрира врз  Донбас,  обидувајќи се целосно да го освои. Големи делови од Донбас се под контрола на проруските сепаратисти, а Русија сега концентрира илјадници војници и напаѓа од три страни, во обид да ги опколи украинските војници во нивните упоришта - градовите Севернодоњецк и Лисичанск. Доколу паднат овие два града,  Русија ќе ја има контролата над целиот регион Луганск, со што би се остварила важна воена цел на раководството во Москва.

Според извештај на руската новинска агенција Тасс, сепаратистите во Луганск и Доњецк држат околу 8.000 украински воени заробеници, бројка за која не постои независна верификација.

Страотните видеа од Мариупол на украинска болничарка

01:47

This browser does not support the video element.

Украинскиот претседател  Володимир Зеленски  синоќа ги отфрли предлозите за територијални отстапки кон Русија заради ставање крај на војната. Тоа е одговор на настапот на поранешниот министер за надворешни работи на САД, Хенри Кисинџер, кој оваа недела на Светскиот економски форум во Давос предложи Украина да ѝ го отстапи во 2014 година анкетираниот полуостров Крим на Русија.

Алудирајќи на Минхенскиот договор од 1938 година со нацистичка Германија, Зеленски изјави: „Се има впечаток како календарот на господин Кисинџер да покажува 1938, а не 2022 година и тој мисли дека не зборува во Давос, туку во Минхен, пред тогашната публика.“

Зеленски порача: „Оние кои ѝ советуваат на Украина да ѝ даде нешто на Русија, овие ‘крупни светски политички фигури', никогаш не се среќаваат со обичните луѓе, со обичните Украинци, со милионите луѓе кои живеат во област, која би требало да биде разменета за илузорен мир.“

Со Минхенскиот договор од септември 1938 година, Судетските области во Чехословачка, со претежно германско население, биле отстапени на нацистика Германија, со намера да се зачува мирот во Европа, а на сметка на Чехословачка.  Во март 1939 година Хитлер го прекрши договорот и го окупираше т.н. остаток од Чешка, а на 1 септември со нацистичкиот напад врз Полска започна Втората светска војна.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми