1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски: Русија сака максимално уништување на Украина

ЖА / агенции
24 мај 2022

Според украинскиот претседател, желба на Русија е најголемо можно уништување на Украина. Магазинот „Тајм“ го стави Зеленски на листата од 100 највлијателни личности во светот,

Schweiz | Präsident Wolodymyr Selenskyj | Jahrestagung des Weltwirtschaftsforums in Davos
Фотографија: Laurent Gillieron/dpa/KEYSTONE/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку редовната дневна видео порака побара доставување модерни ракетни одбранбени системи и борбени авиони заради одбрана од руските напади. Многу луѓе „немаше да умрат доколку го добиевме целото оружје кое го баравме“, истакна Зеленски, поткрепувајќи го тоа со бројката од 3000  руски воздушни напади  и околу 1500 ракетни напади од почетокот на војната на 24 февруари, од кои најголем дел за цел имале цивилни објекти.

Борбата на неговата земја против  Русија,  според украинскиот претседател, е во функција на заштита на заедничките вредности на сите земји во слободарскиот свет и од тој аспект заслужува поткрепа. Моментата ситуација во  источниот дел од Украина,  каде руската армија моментно ги концентрира своите активности, тој ја означи за исклучително тешка.

Страотните видеа од Мариупол на украинска болничарка

01:47

This browser does not support the video element.

Зеленски претходно се обрати до сојузничките држави и со молба за поголема поддршка во желбата за размена на заробеници со Русија, посебно на бранителите на челичарницата Азовстал во Мариупол. „Важно е вршење политички притисок на сите нивоа, преку моќни претпријатија, преку затворање фабрики, преку ембарго за нафта...и преку ваквите закани активно да се форсира размената на наши луѓе за руски војници. Нам не ни требаат руски војници, нам ни требаат нашите, а ние уште утре сме спреми да извршиме размена“, порача тој до државниците на Светскиот економски форум во Давос.

Во фабриката за челик Азовстал, во целосно уништениот пристанишен град  Мариупол кој во меѓувреме е под руска контрола, во петокот вечерта се предадоа последните од преку 2400 украински борци. Според меѓународното право, тие би требало да имаат статус на заштитени лица, но од руска страна сѐ погласни се барањата за нивно изведување пред суд.

Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски се најде на листата на 100 највлијателни личности во светот во 2022 година, која ја објавува њујоршкиот „Тајм магазин“. „Со претседателот Зеленски луѓето во Украина имаат државник со чија храброст и непоколебливост треба да се гордеат. Во војната на Русија против неговата земја, Зеленски остави историски траги“, напиша американскиот претседател Џо Бајден по тој повод. На листата на највлијателни луѓе во светот, која „Тајм“ ја објавува од 1999 година, се наоѓа и рускиот претседател Владимир Путин, за кого рускиот опозициски политичар во затвор, Алексеј Навални напиша: „Можеби вистинската мисија на Владимир Путин е да дели лекции...Во 2022 беше посебно успешен во тоа. Уште еднаш нѐ потсети дека патот кој почнувасо 'само малку изборни манипулации', секогаш завршува со диктатура. А диктатира секогаш води кон војна. Тоа е лекција која не требаше да ја заборавиме.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми