1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски ја фали артилеријата добиена од Запад

ЖА / агенции
7 јули 2022

Во западната артилерија која ја доби Украина, Зеленски гледа силно зајакнување на армијата на земјата. Продолжуваат жестоките борби во источна Украина

Ukraine-Krieg Artillerie
Фотографија: IMAGO/Cover-Images

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали западните испорачани пратки на оружје  за украинската армија како енормно зајакнување во борбата против Русија. Посебно артилеријата, која Украина ја добила од нејзините партнери, располага со голема прецизност, изјави Зеленски во видео порака: „Конечно, западната артилерија почна да функционира со сета сила.“   Со помош на доставената артилерија, украинската армија уништува складишта со оружје и други цели, важни за логистиката на Русите. „На ваков начин значително се редуцира офанзивниот потенцијал на Русите. Загубите на окупаторите растат со секоја недела“, изјави Зеленски.
Зеленски ја обвини Русија  за ракетен напад врз Педагошкиот факултет во Харков. Тој наведе дека при рускиот напад погодени се главната зграда, предавалните, универзитетскиот музеј и научната библиотека.

„Ова ја карактеризира руската инвазија со стопроцентна точност. Кога станува збор за дефиницијата за варварство, овој напад најдобро го прикажува тоа. Само непријателите на цивилизацијата и човештвото можат да испалуваат ракети врз еден универзитет.“

Зеленски порача: ниеден окупатор нема да остане неказнет, секој руски убиец, силувач кој стигна во нашата земја, ќе биде земен на одговорност, без оглед кога тоа ќе се случи. 
Денешниот е 134 ден од почетокот на нападот на Русија на Украина. Во источна Украина во меѓувреме борбите продолжуваат со несмалена жестина. Двете завојувани страни меѓусебно се обвинуваат за убивање цивили, а украинските власти упатуваат повици за евакуација на жителите на  Славјанск.  Кон овој град и кон Бахмут во регионот Доњецк веројатно ќе се концентрира засилено руската офанзива.  Во Славјанск, кој со денови е цел на руски ракетни напади, досега се убиени  17, а се ранети 67 лица. Проруските сепаратисти ја обвинуваат пак Украина за напади врз повеќе места во  Доњецк и за шест убиени лица. Тврдењата не можат да се проверат од независен извор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми