1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјата во Крајстчрч не престанува да се тресе

24 декември 2011

По тешкиот земотрес што се случи вчера (23.12), новозеландскиот град Крајстчрч во изминатите часови го погодија 39 земјотреси. Земјата се тресе и на Бадник, но повредени нема.

Најсилниот од земјотресите регистрирани во последните 24 часа има јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала. Спасувачките екипи се во акција за повторно да го снабдат градот со струја и вода. Во расчистување помагаат околу две илјади доброволци. Вчера, Крајстчрч го погодија два земјотреси со јачина од 5,8 и 6 степени. Се урнаа неколку објекти, а штети има и на улиците.

Геолозите го испитаа теренот по катастрофалнито земјотрес што го погоди градот во февруари годинава и го поделија во зони. Некои делови на Крајстчрч се прогласени за црвени зони. Таму тлото е толку нестабилно што веќе не се издаваат дозволи за градба, а урнатите куќи веќе не се обвновуваат. Но, по вчерашниот земјотрес, вода низ расцепената почва изби и во таканречените зелени зони, кои важат за сигурни.

Во земјотресот во февруари загинаа 181 лицеФотографија: dapd

Градоначалникот Боб Паркер најави дека поделбата на зони ќе биде преиспитана и нагласи дека неговиот град е решен да не си го расипе Божик поради серијата земјотреси.

Автор: ЕМФ/СН/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми