1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјата во централна Италија продолжува да се тресе

СН/ агенции
27 октомври 2016

Два силни земјотреси синоќа во Италија предизвикаа голем страв кај населението. И покрај релативно ограничените штети, жителите беа потсетени на катастрофата од пред два месеци. А земјата продолжува да се тресе и денеска

Italien Erdbeben
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Perozzi

Серија помали земјотреси и денеска го потресоа планинското подрачје во централна Италија, еден ден по двата посилни потреси во кои немаше директни жртви, ниту преголеми материјални штети.

Националниот центар за вулканологија соопшти дека два послаби земјотреси со магнитуда од близу 4 степени биле почувствувани изутрината со епицентар во градот Мачерата во покраината Марке. Во текот на ноќта се регистрирани уште десетина помали потреси.

По првите два земјотреса вчеравечер со магнитуди од 5,4 и 6,1 степен според Рихтеровата скала, луѓето излегоа на улиците, а илјадници ги напуштија своите домови. Беше предизвикан и прекин во напојувањето со електрична енергија, а затворени беа и главните патни правци.Потресите биле почувствувани во неколку италијански региони, Умбрија, Лацио, Марке и Абруцо. Исто така, ги почувствувале и жителите на неколку големи италијански градови, како Рим, Фиренца, Перуџа и Аквила.

Силни земјотреси во централна Италија

00:46

This browser does not support the video element.

Сѐ уште нема генерален преглед на ситуацијата, но службата за цивилна заштита веќе истакна дека последиците од земјотресите се помалку тешки отколку што првично се претпоставуваше. Според официјалните податоци починало едно лице, кое претрпело срцев удар за време на земјотресите. Уште четири лица се полесно повредени, велат последните наводи од болнички извори. И покрај релативно ограничените штети, земјотресите предизвикаа голем страв кај населението во регионите во централна Италија, кое се потсети на катастрофалниот потрес од август годинава. Во разорниот земјотрес пред два месеци во италијанското градче Атариче загинаа речиси 300 луѓе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми