1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотресот во Пакистан, бегалската драма во Северна Африка

10 октомври 2005

Природната катастрофа во Јужна Азија, бегалската драма во северна Африка, теми на коментари во денешните изданија на германските дневни весници

Весникот „Шварцвалдер Боте„ во денешниот коментар забележува:

„ Земјотресот во саботата, поплави во Гватемала, ураганот Катрина, цунами во југоисточна Азија. Природата брутално ни ја демонстрира силата на која е изложен модерниот свет. Високо развиените општества по се изгледа тоа брзо го забораваат. Оттука, спсувачките екипи заслужуваат голема пофалба и почит, закључува коментаторот во

„Шварцвалдер Боте„

Весникот „Ландесцајтунг„ на истата тема коментира:

Искрата надеж, барем ја намалува големата трагедија. По катастрофата, конечно забрзува процесот на приближување помеѓу завојуваните држави. Индија му понуди помош на Пакистан. Владата во Исламабад сеуште размислува дали да ја прифати подадената рака на поддршка од Индија. Надевањата се дека тоа нема долго да трае. Конечно и големиот Цунами ги забрза мировните процеси во индонезиската провинција Аче„ забележува весникот „ Ландесцајтунг„

Германските весници во денешните изданија ја коментираат и состојбата со бегалската драма во северниот дел од Африка. Весникот „Мителдојче Цајтунг„ на оваа тема пишува:

„ Африканските проблеми не ги предизвикаа само Европа и богатиот западен свет. Многумина тамошни деспоти и кланови го турнаа својот народ во несреќа. Европа носи одговорност за тоа и заради сопствените интереси. Тука не се работи само за морал и солидарност, туку станува збор за иднината на таа иста Европа. Бидејќи ако не успее да го сузбие гладот, Европа кога тогаш ќе се најде пред проблемот: како да се запрат брановите гладни бегалци„

Весникот „Експрес„ на истата тема коментира

„ Илегалните доселеници наскоро никој нема да може да ги запре, ниту со високи зидви од бодликава жица, ниту со масовни протерувања. Бегалците кои секогаш се во смртна опасност, доколку не успеат денес, утре повторно ќе се обидат. За нив е тоа бегање од сиромаштијата во ветената златна Европа каде ги чека надеж за подбар живот. Затоа се подготвени на секаков ризик. Оттука е потребно на лице место да им се помогне на оние луѓе кои сакаат да работат и бараат иднина за своите семејства. Треба да се зајакне и политичкиот притисок врз корумпираните политичари во тие земји„ закључува во денешниот коментар весникот „Експрес„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми