1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Зеќири поднесе неотповиклива оставка

ДТЗ
8 април 2022

„Верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, вели Зеќири.

Mazedonien, Muhamed Zekiri, Abgeordneter im Parlament
Фотографија: DW/K. Blazevska

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири поднесе неотповиклива оставка, откако се најде под истрага поради злоупотреби со тендерска постапка. Преку статус на Фејсбук порача дека верува во институциите на системот, во правичноста и праведноста. 

„Верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, вели Зеќири.  

Во својот статус наведува дека низ неговиот работен век секогаш го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината.

„На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата генерален секретар на Владата“., вели Зеќири. Тој му се заблагодарува на премиерот Димитар Ковачевски на укажаната можност да биде дел од владиниот состав и што верувал во неговата заложба и посветеност во работата.

Ковачевски: Ја почитувам одлуката

„Ја почитувам одлуката на Мухамед Зеќири да се повлече од функцијата. Тоа е акт на политичка одговорност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар“, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски. Тој очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството и судските органи и целосно почитување на пресумцијата на невиност. 

Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. За Зеќири се бара притвор, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата, поради што ќе се бара помош од Хрватска.  

Според сознанијата на обвинителството, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми