1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Зиддојче цајтунг“: владата одамна знаела за случајот Масри

6 декември 2005

Берлин сепак сакал да ја заврши аферата „во целосна тишина“

Членови на поранешната германска влада се’ повеќе запаѓаат под притисок во аферата со грабнувањето на Германецот од либанско потекло Калед ел-Масри од страна на американската тајна служба ЦИА. „Зиддојче цајтунг“ во денешното издание тврди дека сојузната влада летото 2004-та година ја задолжила германската разузнавачка служба БНД да го провери случајот, откако неговиот адвокат со писмо се обратил за помош до кабинетот на канцеларот и до министерството за надворешни работи. Од кабинетот била ветена помош.

Се чини дека Берлин сепак сакал да ја заврши аферата „во целосна тишина“, известува „Зиддојче цајтунг“. Очигледо не било информирано Државното обвинителство од Минхен, кое водело истрага во случајот Масри. Наместо тоа, владата го задолжила тогашниот министер за внатрешни работи Ото Шили да разговара за случајот за време на посетата на САД. Шили таму побарал такви постапки да не се повторат.

Во извештајот се вели дека Шили своите сознанија не ги соопштил ни на членови на владата, ниту на државното обвинителство. Сојузниот министер за правда Бригите Циприс во изјава за весникот тврди дека не била известена од Шили за наводниот извештај уште во мај 2004-та од тогашниот американски амбасадор во Германија Ден Коутс за случајот Масри, по заблудаа уапсен во Македонија на барање од ЦИА и од неа потоа однесен на петмесечно сослушување во Авганистан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми