Зимбабве во центарот на вниманието на самитот на АУ
30 јуни 2008Два дена ни од далеку не се доволно да се разгледаат сите кризи што во моментов го тресат африканскиот континентн: Од Алжир до Сомалија од Брегот на слоновата коска па до Судан, на сите страни на светот се случуваат граѓански војни, обиди за пуч и се водат диктарути. Ова во минатото и не било многу поинаку, но сега меѓународниот притисок е многу голем: со оглед на политичката ситуација во Зимбаве земјите на Г8, ОН и организациите за човекови права бараат да се преземат мерки.
Во Африка очекувањата се мали
Молтеси Мбеки заменик директор на Јужно африканскиот институт за меѓународни однос појаснува зошто е тоа така „Африканските влади се многу воздржани, кога станува збор за тоа да се критикува друга влада, бидејќи многу од нив самите правата грешки. Особено се претпазливи кон Мугабе бидејќи стравуваат дека тој ќе ги откопа нивните гревови. Ова не е нов проблем, познат ни е уште од 2000година.“
Молтеси Мбеки знае за што зборува, неговиот брат Табо Мбеки претседателот на Јужа Африка е посредувач во Зимбабве и досега одбегна јасни зборови, тој се концентрираше на „тивка дипломатија“. Но последнитве денови тонот се заостри: Бурунди, Кенија, Руанда, Уганда и Танзанија сметаат дека изборот на Роберт Мугабе не е решение.
Потребна е акција од надвор
Премиерот на Кенија Одинга побара испраќање на африкански трупи на сините шлемови. Исотот го бара и порнашене официир на Зимбабве пребеган во Јужна Африка „Луѓето во земјата не можат да спроведат промена, тие стравуваат дека нема да преживеат ни до наредниот ден. Само сили од надвор може тоа да го спроведат тоа“
Во Шарм ел Шеик вице претседателот на опозиционата партија на Зимбабве упати апел до Африканската унија да ја сапсат земјата, но Роберт Мугабе останува на своето. „Африканската унија нема право да ни пропишува што да правиме со нашиот устав или како да ја водиме земјата. Се додека ги следиме нашите правила, светот треба да не остави на мира.“
Многу работи зборуваат за тоа дека решение би било ако се постигне компромис. На подготвителната средба на ниво на министри се најави дека на самитот ќе се дискутира и за влада на национално единство. Ваквата можност е прифатлива и за водачот на опозицијата и победник на изборите Морган Цвангирани.
Темата која беше предвидена за самиотот, водата и отпадните води најверојатно ќе падне во позадина. Иако со оглед на растечките цени на основните прехранбени производи е од големо значење. Имено многу од кризите кои во моментов ја тресат Африка непосредно се поврзани со заканата од недостаток на чиста вода за пиење.