1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ започна постапка против Кипар и Малта

СН/агенции
20 октомври 2020

Европската комисија денеска започна постапка против Кипар и Малта поради моделот според кој тие даваат државјанства во замена за инвестиции, кој уште се нарекува модел на „златен пасош“.

Reisepass Malta
Фотографија: Fotolia/keki

Комисијата на ЕУ во образложението на одлуката истакна дека давањето на овие државјанства, а со самото тоа и на ЕУ-државјанство, во замена за однапред одредено плаќање или инвестиција и без вистинска врска со овие две членки, не е во согласност со Договорот на ЕУ.

Во таквите шеми, исто така, се подрива и интегритетот на статусот за државјанство во ЕУ предвиден со Договорот за функционирање во ЕУ. Овие шеми, поради природата на ЕУ-државјанството имаат последици врз Унијата во целост, оцени Европската комисија.

Фотографија: Getty Images/AFP/H. Mroue

„Кога една членка му доделува државјанство на некое лице, тоа автоматски станува државјанин на ЕУ, и ги ужива сите права со тој статус, како што се правата на движење, престој и работа ширум Европа или правата да гласа на локални избори, како и на изборите за Европскиот парламент“, стои во соопшението на ЕК.

Повеќе:

-ЕУ сака да ја запре продажбата на пасоши

-Крај на „распродажбата“ на ЕУ-државјанства?

-Богатите побрзо стануваат државјани на ЕУ

Последица, како што се наведува, е тоа што ефектите од шемата на давање државјанство за инвестиција не се ограничени на членката која ја имаа оваа шема, ниту се неутрални во однос на другите членки на ЕУ и Унијата во целост. Комисијата истакна дека таквите шеми ја подриваат суштината на ЕУ-државјанството.

Фотографија: DW/A. de Loore

Владите на Кипар и на Малта сега имаат рок од два месеца да одговорат на формалното известување од Комисијата. Ако нивните одговори не бидат задоволувачки, Комисијата може да објави образложено мислење за прашањето од постапката.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми