1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Злоставување деца: Не го вртете погледот!

Инес Пол
8 август 2018

Мајка со години го силувала синот и преку интернет го продавала на муштерии. Таа и нејзиниот партнер добија повеќегодишни затворски казни. Но, не смее да остане само на тоа. Коментар на Инес Пол.

Symbolbild Kindesmissbrauch Kind Puppe Straße Einsamkeit Isolation
Фотографија: Fotolia/Bobo

Читањето на извештаите за случајот е тешко подносливо. Како е само можно една мајка не само со години да му дозволува на својот партнер да го силува нејзиниот син, туку и таа да применува сексуално насилство врз детето? И тоа не е сѐ. Преку интернет-форуми таа им го нудела детето на муштерии од цел свет. Случајот ја потресе Германија. Обвинетите вчера беа осудени на повеќегодишни затворски казни.

Инес Пол, главна уредничка на ДВФотографија: DW/P. Böll

Како е можно луѓето да се такви? Како може една мајка да биде способна за такво нешто? Колку лошотилак се крие во нас? Сликите кои продираат во свеста се толку неподнослви, што човек најрадо би ги блокирал. И онака има доволно други лоши вести деновиве. Сето ова е неиздржливо.

Детето имало само десет години

Навистина, ако се обидеме да замислиме конкретно што ова дете проживеало последните години, на човека му станува мачно. Па момченцето имало само десет години. Човек добива желба едноставно само сѐ да заборави и блокира.

Но, токму тоа не смееме да го правиме.

Навистина, овој случај од јужногерманскиот град Штауфен е екстремен по својата бруталност. Но, тоа не значи дека во другите делови на Германија нема незамисливо сексуално насилство во семејни рамки. Како и во случајот од Штауфен, дури отпосле на површина излегува дека надлежните установи имале индиции кои требало да ги натераат на преземање мерки. Како е можно во една земја како Германија, со многу сложен сплет државни служби, претходно осудуван педофил да живее под ист покрив со дете? Таков е случајот од Штауфен.

Повеќе пари за службите за заштита на деца и млади

Бесцелно е да се бара некаква смисла и логика кога се во прашање злосторства како ова во Штауфен. Но, ваквите случаи би морало да го натераат германското општество на соочување. Службите за заштита на деца и млади мора да бидат подобро опремени за да бидат во состојба да направат навистина сѐ што е можно кога е во прашање заштитата на најслабите. Неприфатливо е во оваа богата земја државните служби да се жалат дека немаат доволно капацитети за навистина подлабоко испитување на секој сомнителен случај. На крајот, задача на секого од нас е внимателно да слуша, да не одвраќа поглед, да пријави доколку му се причини дека нешто е сомнително. Дури и кога за тоа е неопходно да се излезе од сопствената зона на лагодност.

Зашто едно општество се мери по тоа како се однесува кон најслабите. И едно општество не е апстрактен поим, туку се состои од сите нас, од вас и мене. Ние сме тие кои не смеат да затвораат очи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми