Знак на солидарност со Авганистан
3 ноември 2007Ненајавената посета на Кабул е во знакот на силни сигурносни мерки .На програмата се пред се политички разговори и оние кои се однесуваат на безбедносната ситуација на земјата,во нив е вклучен и ополномоштеникот на ОН Том Кенигс,новиот шеф на полициската мисија од ЕУ,Шолц и командантот на заштитните трупи ИСАФ,генерал Мек Нил.Се разбира,најзначајна беше средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи,кому Меркел му вети:
„Германија го поддржува Авганистан со цело срце и со сета сила.“
Поголеми напори за обнова на Авганистан
Централната порака на канцеларката:Авганистан мора посилно самиот да го доминира обновувањето на земјата.Цел на германската политика е Авганистан чекор по чекор да стигне до состојба да ја земе сопствената судбина во свои раце.Во тој правец покрај развојната помош спаѓа и воената мисија и обуката на полицијата.Во моментов околу 40 германски полицајци се на служба во европската полициска мисија Еупол.Премалку,едногласни се одамна експертите и авганистанската влада.Меркел потенцираше:во подготовката на полицијата,Германија треба да ги зајакне напорите:
„Ние уште еднаш ќе провериме дали во рамките на буџетските советувања можеме да направиме уште нешто.Обуката на полицијата е централно прашањепреку кои луѓето во Авганистан ќе можат да почувствуваат дали живеат во држава која се грижи за безбедноста.“
Авганистан очекува поголема поддршка
Ова Хамид Карзаи радо го чу,неговата влада одамна бара поголема поддршка во обновата на земјата,пред се за армијата и полицијата:
„Меѓународната заедница и Авганистан мораат заеднички да ги подобрат можностите на авганистанските сили за безбедност,преку поголем тренинг и опрема.“
Тема повторно беше и германскиот удел во военото меѓународно присуство во Авганистан.Пред три недели Бундестагот го продолжи мандатот на германскиот ангажман во ИСАФ од 3 илјади војници на уште една година,а следната недела ќе дискутира дали Берлин и натаму ќе ја поддржува од САД предводената анти терористичка мисија ОЕФ,за што се претпоставува дека ќе има мнозинство.
Инаку,во последно време Меркел беше критикувана што и по две години од нејзиниот мандат не најде време да го посети Авганстан.