Знаци за опоравување
23 јануари 2008Реклама
Речиси сите берзи во Азија денеска забележаа знаци на опоравување, по големите загуби од претходните денови предизвикани од стравот од рецесија по кризата со недвижнини во САД. Индексот на берзата во Токио е во плус два процента. Значителен пораст е регистриран и во Хонг Конг, каде на средина од денешното тргување индексот е во пораст од пет проценти. Единствено берзата во Тајван забележа негатива од 2,3%. Интервенцијата на американската централна банка предизвика и придвижување во Германија каде утринава берзански индекс ДАКС стартуваше со 1,7% позитива. Министрите за финансии на Унијата на вчерашната средба во Брисел се согласија дека нема простор за паника, ниту за рецесија. Со сличен став излезе и германската канцеларка Ангела Меркел: „ Нема никакви знаци за рецесија. Ние правиме се за да обезбедиме стабилност. Не можеме да влијаеме врз се во светот, но морам да кажам дека нема причина да се верува или претпоставува можна рецесија во Европа или во Германија„ Кризата ќе влијае врз проектираниот пораст Иако нема опасност за рецесија, финансиската криза сепак би можела да предизвика намалување на прогнозите за економскиот пораст во еврозоната. Ова утринава го соопшти шефот на Европската централна банка, Жан Клод Трише. Владата во Берлин денеска ќе расправа околу годишниот економски извештај кој во делот на порастот е корегиран од 2 на 1,7%. На тој начин се планира да се постигне натамошно намалување на невработеноста и на инфлацијата во земјата. „ Во годишниот економски извештај ги намаливме прогнозите во споредба со претходната година, но европската и германската економија располагаат со добри основни податоци. Исто така во добар дел ние сме независни од американскиот пазар„ рече Меркел.
Реклама