1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Значаен чекор за Македоците во Албанија

Вера Тодоровска8 декември 2005

Прв но значаен чекор за македонското малцинство во Албанија. Таму за првпат на директорско место во државниот сектор е поставен Македонец.

Тирана
ТиранаФотографија: DW

27 годишниот дипломиран правник Ѓорѓи Тане од село Глобочани, Мала Преспа е првиот директор Македонец во државниот сектор во Република Албанија. Тој ќе се грижи за проблемите и прашањата од областа на социјалната заштита во околијата Корча која опфаќа повеќе општини со околу 350 илјади жители. Тане на оваа функција доаѓа врз основа на постигнатиот предизборен договор со партијата за заштита на човековите права која е владин коалиционен партнер.

Претседателот на друштвото на Македоницте „Преспа“ Едмунд Темелко вели дека според договорот што го имаат со партијата за човекови права очекуваат уште две директорски места.

„Ако се исполни ова како и ветувањето за воведување на македонскиот како втор службен јазик во местата каде што живеат десет насто Македонци, тоа за нас ќе значи голем успех во остварувања на правата.“

Македонците не се задоволни

Претседателот на здружението на Македонците, во кое се опфатени сите друштва на Македонците во Албанија, Ефтим Митревски вели дека Македонците не се задоволни.

„Македонците во Албанија не може да бидат задоволни само со едно директорско место на локално ниво, тие заслужуваат многу повеќе.“ вели Митревски. „Ова е индивидуална одлука, а не на заедницата бидејќи претходно предлогот требаше да се анализира во партијата и во заедницата, за да се види дали е прифатливо или навредливо за Македонците.

„Македонците не заслужуваат само едно директорско место на локално ниво, туку место во законодавниот дом, во владата, државните институции ние сме квалитет и квантитет во Албанија.“ изјави Митревски за Дојче Веле

Ѓорѓи Тане на јулските парламентарни избори во Албанија беше кандидат за пратеник, но на мнозинската листа на партијата за заштита на човековите права во која главно членуваат припадници на грчко малцинство. Поради доцнењето на регистрацијата на нивната партија Македонска алијанса за европска интеграција, Македонците не можеа да учествуваат со свои кандидатски листи.

Инаку имајќи го во предвид фактот дека Македонците во јуни ја регистрираа нивната партија, што е прва во Албанија врз етничка основа, како и знамето со сонцето на Виргина кое го доби оптшина Пуст, но и грбот испиштан на македонски покрај албански јазик, сепак се чини дека нешто се поместило по повеќе децениската статус кво состојба на полето на правата на Македоницте во Албанија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми