1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЗНМ против измените на законот за медиуми

ЖА/макфакс2 јули 2014

Здружението на новинари на Македонија остро реагира на одлуката на владата во скратена постапка да предлага измени и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

Фотографија: Fotolia/wellphoto

Од Здружението на новинари изразуваат незадоволство од начинот на кој Владата ги менува медиумските закони, истакнувајќи дека требало и тие да бидат консултирани за ваквата одлука.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, посочи дека во ниту една демократска земја медиумските закони не се носат без јавна расправа и без присуство на опозицијата во Парламентот, поради важната улога што медиумите ја имаат во секое демократско општество.

„Со ваквото однесување на владата, кое е во спротивност со европските стандарди и практики, не може да се подобри и така влошениот имиџ на земјата во светот поради непочитување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите. За драматичното паѓање на Македонија на светските ранг листи за слобода на изразување, владата одговорноста не треба да ја бара кај други, туку да сфати дека со нејзиното однесување во голема мера придонесува за ваквата состојба. Апелираме владата да ги повлече од собраниска процедура измените и дополнувањата на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и да се даде можност на новинарските и медиумските организации да се произнесат за нив“, изјави Насер Селмани.

Селмани истакна дека во здружението сметаат дека владата не треба да го менува законот пред да почне да го применува. Според нив, од ваквиот потег очигледно е дека на некој не му се допаѓа тоа што два члена во програмскиот совет на МРТ треба да ги предлага ЗНМ, како мнозинско здружение.

„Со ваквото делување владата покажува дека ги менува сопствените закони кои не одат во прилог на нејзините интереси“, додава Селмани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми