1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зоните отпорни на кризата - нема најава за затворање фабрики

ДТЗ
6 мај 2022

Според Деспотовски, засега нема никаква најава, ниту индикатор дека може да се случи прекин во снабдувањето со гас на компаниите од слободните економски зони.

Nord-Mazedonien Jovan Despotovski
Фотографија: DW/K. Delimitov

И покрај економската криза која што зема голем замав, нема најави дека некои компании од Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ќе ги затворат своите капацитети и ќе заминат од Северна Македонија. Директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека привршуваат разговорите со голема канадска компанија која е веќе присутна во земјава, а планира значително да ги прошири капацитетите.

„Има и неколку нови договори од оваа година кои се во завршна фаза и кои набрзо очекувам да ги презентираме како нови инвестиции. Но, од постојните компании немаме никаква најава за затворање“, дециден е тој. 

Ситуацијата со војната во Украина внимателно се следи, но засега нема потреба од дополнителни државни интервенции во овој сегмент. Извозот во првиот квартал од 2022 година е 10 отсто повисок во однос на истиот период лани. Увозот расте со одредено темпо, но побавно за околу два отсто. Има раст на бројот работни места во првиот квартал од 2022 година за четири отсто во споредба со лани. Деспотовски очекува позитивните трендови во зоните да продолжат и покрај притисоците врз економијата од глобалната криза и руско-украинскиот конфликт. 

Тој соопшти дека фабриката „Кромберг и Шуберт“ која е веќе присутна во Битола, планира проширување на своите капацитети, но деталите за инвестицијата ќе бидат соопштени по разговорите со компанијата кои се во завршна фаза.

Нема ризик за снабдувањето со гас

Според Деспотовски, засега нема никаква најава, ниту индикатор дека може да се случи прекин во снабдувањето со гас на компаниите од слободните економски зони. Во ризик се само фирмите од ТИРЗ Скопје зашто во останатите зони моменто се работи на инсталирање гасна инфратсруктура, а фабриките таму користат други видови енергија. Но, надежите се дека земјата има резервни опции кои може да се стават во функција доколку се укаже потреба да им се помогне на компаниите во зоните.

„Договорите за снабдување со гас се годишни, а „Промгас“ е единствениот снабдувач. Засега немаме проблем со побараните количини, ниту со некакви најави за евентуално запирање на испораката на гас. Внимателно ја следиме ситуацијата“, вели Деспотовски.

Во договорите има заштитна клаузула за државата, со што компаниите се обврзани, во случај на прекин на снабдувањето заради надворешни фактори, самостојно ќе треба да си обезбедат натамошно снабдување. Дирекцијата нема сознанија дека можеби некои од фримите во зоните се префрлени на алтернативно гориво.
 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми