1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто бегалците ја поделија Германија?

Сања Благојевиќ
7 септември 2018

Во Германија од 2015 пристигнаа повеќе од милион бегалци. Иако многумина во меѓувреме најдоа работа, голем број мигранти и натаму зависат од државна помош. Како напредува интеграцијата?

Deutschland Ausgabestelle für Flüchtlinge
Фотографија: Imago/J. Jeske

На Германија ѝ недостасуваат работници. Можат ли бегалците воопшто да бидат решение за тој проблем?

Во првиот квартал оваа година работа имале една четвртина од работноспособните бегалци кои дошле во Германија од 2015. година. Секој петти мигрант уплаќал социјални придонеси. Од 2017. година бројот на невработени бегалци практично не се менува и изнесува 180.000. Освен тоа, 15% од бегалците кои работат не можат да преживеат од својата плата и примаат финансиска помош од државата. На почетокот на годинава социјална помош примале околу 65% од бегалците. Тоа е 12% повеќе од минатата година. Уделот на бегалците во вкупниот број приматели на социјална помош во Германија изнесува 14%. Иако во меѓувреме бројот на мигранти значително се намали, таа тема и натаму ја поларизира Германија. Зошто?

„Вузбудата поради подносителите на барања за азил, насилство на протести, пожари во домовите за азиланти- и пред 25 години Германија исто така беше поларизирана како денес. Причината беше иста- бегалци и мигранти. Германија е поделена. Многумина се плашат, чувствуваат несигурност- и повеќе од еден милион дојденци така стануваат симбол на тие стравови.

Повеќе: 

Бајката за борбата против причините за бегалскиот бран

Збогум на културата на гостопримство? Ни оддалеку!
Но постои и друга Германија, сите тие луѓе кои имаат сочувство кон воените бегалци, кои се колнат во хуманизам, кои се сеќаваат на мрачната историја на нацистичка Германија и кои му се верни на Уставот. Освен тоа, на Германија економски одлично ѝ оди. Потребна е работна сила. Стравовите на луѓето се ирационални, тие се поврзани и со глобализацијата и тоа не е така само во Германија.
И уште нешто. Расположението кон бегалците и мигрантите е особено надразнето во Саксонија и на истокот на Германија. Таму луѓето се чувствуваат особено несигурно, затоа што економски не им оди добро- барем не како на западот. И тие имаат далеку помалку искуство со странците, односно помал степен на толеранција,“ вели  Александер Андреев, раководител на бугарската редакција на DW.

Интересно е дека бегалци воглавно работат во угостителството, логистиката или како обезбедување- значи во сектори во кои не е потребно нужно добро познавање на германскиот јазик. Само ретки стручњаци досега успеаја да најдат работа во германската индустрија.

Бегалската политика создаде јаз во Германија

02:51

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми