1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Германија не дозволува референдум?

Бенџамин Најт
9 ноември 2016

Германците за некои прашања би сакале да одлучуваат самите. Но, според актуелниот Устав на Германија тоа не е можно.

Ausstellung "Russland und Deutschland"
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Маријана Грименштајн-Балаш има 70 години и се дава часови по флејта. Низ Германија, таа не стана позната по музиката, туку поради тоа што се собра 68.058 потписи за уставна жалба против Договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада (CETA). Уставниот суд го отфрли нејзиното барање, но на федералната влада и наметна важно ограничување: таа би можела да се согласи на договорот CETA само доколку обезбеди механизам преку кој подоцна би можела да се повлече од договорот, ако тоа се бара со одлуката на суд.

Маријана Грименштајн-Балаш, жена која израснала во Будимпешта, а веќе четири децении е жител на Германија, нема намера да се откаже. Во новата онлајн-петиција, таа собира потписи за воведување на референдум во германскиот систем. Фатално е, пишува таа, да се игнорираат интересите на мнозинството и да се носат одлуки против милиони луѓе, на сметка на животната средина. Споменува различни прашања, од договорот за слободна трговија со САД (ТТИП), преку спасувањето на банките со државни пари. „Подобро е граѓаните самите да ги носат важните одлуки“, рече таа.

Што вели Уставот на Германија?

Изгледа оваа дама се занимава со Сизифовска работа. Германија е една од неколкуте европски земји кои забранија национален референдум - барем така често се тврди. Грименштајн-Балаш, сепак, вели дека во член 20 од Уставот на Германија, не само што постои можност за референдум, туку дека е напишано дека директната демократија е од суштинско значење. Таму пишува: „Државниот суверенитет поттекнува од луѓето. Граѓаните го обновуваат преку избори, други гласања и посебна законодавна, извршна и судска власт".

Во „гласање", вели таа, секако припаѓа и националниот референдум, затоа нема потреба да се менува Уставот на Германија за што би требало дво-третинско мнозинство во двата дома на парламентот, Бундестагот и Бундесратот. За помош го повикува познатиот Хериберт Прантл, професор по право и уредник на весникот Зидојче цајтунг. Всушност, таа цитира негова статија од 2012 година во која се вели дека ова барање за референдум на државно ниво не е каприц на граѓанското општество, туку „неисполнување на централните инструкции на Уставот“.

Но, тоа не е сосема едноставно, вели Уве Липински, адвокат од Хајделберг, од областа на уставното право. „Мора да се набљудуваат неколку уставни одредби кои се поврзани едни со други и си даваат контекст“. Тој потенцира на членот 76 од Уставот, кој јасно го дефинира законодавниот процес и не споменува за директна демократија. За да се овозможи референдум, вели Липински, потребно е да се промени дури барем тој член, за што повторно е потребно двотретинско мнозинство.

Уставниот суд, во проверка на усогласеноста на Договорот од Лисабон со германскиот устав во 2009 година откри дека национален референдум може да се воведе во правниот систем на Германија. „Но, не постои обврска да се воведе референдум", вели Липински за Дојче веле. Тешко е дека наскоро ќе се оформи двотретинско мнозинство, пред се поради отпорот на демохристијаните кои се најсилната група во парламентот.

Траумите од триесетите

Постојат силни историски причини поради кои Уставот дава голема моќ на парламентот и не дозволува јасна можност за директна демократија. Лидерите на нацистите во 1933 година донесоа закон со кој и се овозможуви на владата да распишува референдум на кој граѓаните, заобиколувајќи го парламент донесуваа нови закони или ги потврдуваа одлуките на владата. Токму така, Адолф Хитлер во 1934 година ја доби поддршката да ги обедини за себе функциите  канцелар и претседател на земјата.

Исто така постои теорија дека Вајмарската Република пропаднала бидејќи со закон од 1921 година овозможила едноставно распишување на референдум, кој им овозможи на популистите да го соборат избраниот парламент. Оваа теорија, во голема мера денес се отфрла, вели Липински, но секако беше во главите на основачите на повоената Западна Германија. Според зборовите на Теодор Хојс, првиот претседател на Сојузна Република Германија: „Референдумот е премија за секој демагог".

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми