1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Германија се премерува- со милиметар?

СН | АРД
8 јуни 2021

Сојузна Република Германија повторно ќе биде измерена- прецизно до милиметар. Властите сакаат да користат поточни податоци за истражување на климатските промени и автономното возење.

Geodäsie Symbolbild
Фотографија: Fotolia/Gordon Bussiek

Летово Германија ќе биде повторно измерена. „Инзворедна акција“, вели Андре Зиланд од Државниот завод за геоинфорамции и геодетски работи во Долна Санкцонија во интервјуто за порталот на јавниот сервис. Тоа е работа која мора да биде многу прецизно извршена.

Од 7 јуни до 15 јули, основните геодетски податоци ќе бидат обновени за цела Сојузна Република Германија. Тоа значи дека од брегот до Алпите, геодетски тимови ќе ги проверат пложбата и висината на 250 мерни места во Германија. Нивната мисија е да ги одредат сите нови координати - до милиметар.

Сателити - навигација

05:12

This browser does not support the video element.

Точност до „големина на семе од синап“

35 сојузни и покраински истражувачки тимови се опремени со најсовремена опрема. Сите мерења се вршат со помош на сателити. Се користат три сателитски навигациски системи: американскиот ГПС, рускиот ГЛОНАСС и европскиот Галилео. Се работи и дење и ноќе.

Податоците потоа ќе ги обработи Сојузниот завод за картографија и геодезија во Франкфурт на Мајна и Покраинскиот завод на Долна Сакасонија.

„Мерењата траат 24 часа“, објаснува Зиланд и вели оти затоа резултатот е многу прецизен, со отстапка од само околу 2 или 3 милиметри. „Тоа е речиси големина на зрно од синап.“

Таканаречената основна мрежа на мерни точки е создадена во 2008 година и сега треба да се ажурира. Потоа новите податоци ќе се споредат со оние од пред 13 години.

Фотографија: picture-alliance/dpa/WSA/C. Wolff

Ќе профитираат заштитата на крајбрежјето и климатските истражувања

Според Зиланд, геолозите, меѓу другото, ќе разгледаат дали имало поместување на почвата. Се верува дека Германија тоне кон брегот и се подигнува на планините. Ова може да се докаже со мерења.

Податоците од повторното мерење потоа може да се користат, на пример, за заштита на крајбрежјето, но исто така и за истражување за автономно возење и климатски промени.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми