1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Езил носи „Адидас“, а не „Најки“?

М.Смајиќ/ А.Трајковска12 јули 2013

Кога фудбалските ѕвезди почнуваат да носат други копачки, тоа не е прашање на модниот вкус. Зад таа одлука стојат огромни пари. Фудбалерот Езил за 25 милиони евра ја менува марката на својата „работна“ облека.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Фудбалерот на мадридски Реал и германски репрезентативец Месут Езил во иднина ќе носи артикли на „Адидас“, а не на „Најки“. Договорот е постигнат по долготрајни преговори. Договорот трае до 2020 година со опција да биде продолжен, а е тежок 25 милиони евра. Мустафа Езил, таткото на фудбалерот и негов менаџер вели дека е задоволен: „'Адидас' е број 1 во фудбалскиот свет и производот е со многу добар квалитет“.

Езил беше главен промотор на копачките на „Најки“. Минатото лето одлучи да ги замени копачките со модел на „Адидас“. Проблемот настана поради тоа што неговиот договор со „Најки“ не му беше истечен. „Најки“ се жалеше и судот во Амстердам одлучи Месут Езил за казна да мора да ги облепи своите копачки со бела трака за да не биде видлива никаква марка, инаку ќе мора да плати казна од 150.000 евра. Тоа беше и причината што Месут Езил на натпреварот на германската репрезентација против Шведска во рамките на квалификациите на СП носеше бели „фантомски копачки“.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Многу пари за уште повеќе пари

Договорот кој Месут Езил го потпиша со „Адидас“ е повод и за коментари во германските медиуми. Еден од нив е оној во весникот „Келнер штат-анцајгер“ во кој се вели: „Нормален човек, кој сака да игра фудбал или има дете кое го сака тоа, мора да отиде во продавница и да си купи копачки. Ако сакате да ги купите 'актуелните' модели на некој произведувач тогаш мора да го 'одврзете ќесето'. Да се биде Месут Езил или кој и да е друг фудбалски јунак е многу практично. Тие имаат слобода во избор на копачки и притоа уште заработуваат неколку милиони евра“, пишува весникот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми