1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зошто мажите почесто заболуваат од Ковид-19 од жените

ЖА
11 мај 2020

Европска студија нуди објаснување зошто мажите почесто се заразуваат со коронавирус. Во прашање е еден ензим кој коронавирусот го користи за да продре во клетките.

BdTD Italien Turin Patient mit Schnorchelmaske
Фотографија: AFP/M. Bertorello

Резултатите од студијата, објавени во медицинскиот часопис European Heart Journal, покажуваат дека крвта на мажите, во споредба со жените, содржи повисока вредност на еден клучен ензим под име АЦЕ2 (ACE2). Според медицинската студија, на коронавирусот му е потребен овој ензим за да може да продре во клетките, да се размножи и да премине во белите дробови. Лековите, кои претставуваат блокатори на АЦЕ и се препишуваат при постоење на срцева слабост, дијабетис или заболувања на бубрезите, според испитувањатаизвршени во текот на студијата, не водат кон зголемена концентрација на АЦЕ2. Оттаму, пациентите кои се зависни од овие медикаменти, не се изложени на зголемен ризик од заболување од Ковид-19.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми