1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите гласаат за Зелените - конфликт на генерации?

Шарлоте Фос
6 јули 2019

Големите, т.н. народни партии во Германија претрпеа големи загуби на европските избори. Пред сѐ младите повеќе гласаа за Зелените отколку за ЦДУ или СПД - не само поради тоа што заштитата на климата им лежи на срце.

Deutschland Fridays for Future - Freiburg
Фотографија: picture-alliance/Winfried Rothermel

Зелените во Германија слават: на европските избори освоија 20,5 проценти од гласовите, речиси двојно повеќе од изборите пред пет години (10,7%). Со тоа Зелените, по ЦДУ, станаа втора по сила партија во земјата.

Особено поентираа кај младите: 34 проценти од младите под 25 години гласале за Зелените. Поинаква е сликата кај избирачите над 60 години, од кои само 13% гласале за Зелените, а дури 40% за ЦДУ. И АфД и СПД кај постарите избирачи беа поуспешни отколку кај младите. Како да се објаснат овие резултати? Дали досегашните народни партии ЦДУ и СПД имаат „генерациска слабост“?

Да, смета политикологот Зигрид Ростојчер. Таа предава на Гете-универзитетот во Франкфурт и раководи со едно долгорочно истражување за однесувањето на избирачите во Германија. „Народните партии веќе не можат да им се приближат на младите избирачи“, вели таа за ДВ. Тоа се покажало веќе во текот на покраинските избори во Хесен и Баварија и сега се чини се зацврстува.

На Зелените во Германија им успеа промената на генерации во партијата. Со Аналена Бербок, Роберт Хабек или Ска Келер партијата има автентични, млади раководители.

ЦДУ, наспроти тоа, профитира класично од своите верни приврзаници. Но, проблемот е во возраста. „Веќе на покраинските избори во Хесен и Баварија минатата година беше видливо дека ЦДУ го губи најголемиот дел избирачи поради тоа што тие умираат“, вели Ростојчер.

Повеќе: Европски избори: Историски лош резултат за германските владејачки партии

Нема „Резо-ефект“?

Успехот на Зелените, меѓутоа, може да се објасни и со нивниот тематски фокус, смета Ростојчер. Тоа е темата - заштита на климата. Во прилог на тоа оди и тенденцијата која се покажа на симулираните избори во училиштата, на кои гласаа малолетници. И тука Зелените беа во предност, и тоа долго пред да биде објавено видеото на јутјуберот Резо. Значи, не биле одлучувачки само последните неколку дена пред европските избори.

Сина коса, зелени тези: јутјуберот Резо предизвика лавина во Германија неколку дена пред европските избориФотографија: picture-alliance/dpa/Privat

Тоа го покажува и една анализа пред изборите, која ја објави Дојче веле. Таа се однесува на влијанието на младите избирачи врз односот на политичките сили. Заштитата на климата уште пред изборите беше приоритет за младите европски избирачи, покажа YouGov-истражувањето во април. Се очекуваше младите, пред сѐ од западноевриопските држави членки на ЕУ, да се приклонат во голем број кон Зелените.

И политичкиот советник Мартин Фукс е на мислење дека мобилизацијата на младите не почнала на само неколку недели пред европските избори. Незадоволството на младите се таложи подолго време. Тој смета: и движењето „Петоци за иднината“ е успешно само поради тоа што веќе постоело разочарување и била загубена доверба во големите партии, а тоа е плодна почва за движењето. Фукс обучува политички институции и партии во сферата на дигиталната комуникација. Меѓу другото, има советувано повеќе министерства, покраински влади, како и покраински ограноци на ЦДУ, Зелените и Левицата.

ПовеќеЈутјуберот Резо ја бламира партијата на Меркел

Ростојчер нагласува: растечката политизација на младите е за поздравување, меѓутоа истовремено не смее да се заборави дека ангажманот на младите во сферата на екологијата и заштитата на климата е „гимназиско движење“. На демонстрации за заштита на климата одеа пред сѐ деца од домаќинства каде родителите имаат добро образование - и тие гласаа за Зелените. Младите избирачи од домаќинства со пониско образование сѐ уште се во голем дел „негласачи“. Тоа се младите на кои треба да им се обратат народните партии кои тврдат дека се грижат за „обичните луѓе“.

Фукс смета: народните партии како ЦДУ и СПД би морало „да престанат да држат неделни говори“ и конечно сериозно да ја сфатат целната група - млади. За тоа да се постигне, треба да се направи и обид за привлекување млади луѓе надвор од традиционалните партиски структури. „Младите имаат мал интерес за контиунирано приклучување кон одредена структура. Тие сакаат да се врзат на одреден период и да работат на одредени проекти, а не во задното сопче со старите големци да дискутираат за климатската политика“, вели тој за ДВ.

Движењето „Петоци за иднината“ е успешно затоа тоа што постои разочарување и загубена е доверба во големите партииФотографија: Getty Images/AFP/I. Fassbender

Лоша комуникација?

Но, ЦДУ и СПД не ги допираат младите избирачи не само поради своите содржини. Проблематичен е и нивниот начин на политичка комуникација, вели советникот Фукс. Таа деновиве во голем дел се одвива на социјалните медиуми: „Во голем дел тие (социјалните медиуми, н.з.) се користат погрешно од страна на големите партии“, оценува Фукс.

Повеќе: Европските избори ја нишаат владата на Меркел

Многу партии ја потценија релевантноста на социјалните медиуми поради тоа што долго време работите се одвиваа и без нив. Сега мора да научат поинаку да ги користат социјалните медиуми. Социјалните мрежи не се „место за пласирање соопштенија“. „Важен е дијалогот, партиципацијата и транспарентноста“, нагласува Фукс. Меѓутоа, за тоа да се постигне, неопходни се поинакви структури во рамките на партиите.

Младите избирачи бираат зелено: како тоа ќе го промени политичкиот систем во Германија?Фотографија: Fotolia/photocrew

„Разнишана е стабилноста на партискиот систем“

Што значи новата распределба на гласовите за партиското милје во Германија? „Стабилноста на партискиот систем е разнишана“, оценува Ростојчер. Наместо две големи партии во иднина ќе има многу еднакво силни партии. „Составувањето влади ќе биде компликувано.“

Зголеменото влијание на младите избирачи се чини не е краткорочен ефект. Иако уделот на младите во избирачкото тело е сѐ уште помал од оној на нивните родители и баби и дедовци, младите ќе го променат политичкото милје. Тоа во Германија веќе се случува.

Со тоа се согласува и Ројтојчер. Таа вели дека егзистенцијата на ЦДУ и СПД е сериозно загрозена. Доколку најитно што е можно не се погрижат за младата генерација, тогаш тие одат во насока на „тивок егзодус“. „Ниту една партија нема гаранција за вечност“, вели Ростојчер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми