Ниеден ден во календарот не е толку редок како 29 февруари. Уште старите Египќани имале престапна година со еден дополнителен ден. Зошто постои овој ден и престапната година?
Фотографија: Imago Images/Steinach
Реклама
На Земјата ѝ се потребни точно 365,24219 дена за една ротација околу сонцето. Значи, нашиот Грегоријански календар не е најточен. Затоа секоја четврта година е подолга за еден ден. Исклучоците служат за коригирање на овој математички компромис, за обезбедување услогласеност на календарската со астрономската година.
Атласот на среќата во Германија покажува дека најсреќните Германци живеат во покраината Шлезвиг Холштајн. Онаму каде нема толку среќни луѓе, можеби може да помогнат некои амајлии, талисмани или ритуали за среќа.
Фотографија: DW / Nelioubin
Потковица
Потковицата завртена со отворот нагоре, според верувањето во Германија, би требало да ја „фати“ среќата и да им го блокира патот на лошите духови. Затоа, на многу порти има прицврстени потковици. Според едно друго верување, потковицата значи „C“, односно првата буква од „Christus“ (Христос).
Фотографија: DW / Nelioubin
Прасе
Свињата во античко време во цела Европа била симбол на благосостојба и богатство, а Германите ја сметале за свето животно. Денес прасињата за среќа се прават од марципан и се комбинираат со други симболи за среќа, како детелината со четири листа или оџачарот.
Фотографија: Fotolia/meerisusi
Валкана работа за среќа
Порано, затнувањето на каминот се сметало за голема несреќа. Зашто, ниту можело да се готви ниту да се грее - и шпоретот и печката останувале студени. Помош можеле да пружат само оџачарите, кои го чистеле каминот. Така среќата повторно се враќала.
Фотографија: picture alliance/dpa
Небесниот гласник со точки
Малиот инсект со точки се вика бубамара по Света Марија, мајката Исусова, а така ја крстиле селаните. Таа дневно јаде повеќе од 100 лисни вошки и се смета за важн природен уништувач на штетници. Тоа за земјоделците претставува небесен дар. Во Европа најраспространета е бубамарата со седум точки кои, според народното верување, ги симболизираат седумте доблести на Марија.
Фотографија: Fotolia/ K.-U. Häßler
Отровна печурка за среќа
Научниците спорат околу тоа дали печурката Amanita muscaria, на германски „мувна печурка“, се вика така затоа што убива муви или затоа што од нејзе луѓето „летаат“ во транс. Застапена е многу во детските песнички и приказни. Притоа, печурката е многу отровна и дури и конзумирање на мали количества предизвикува силни халуцинации. Според народното верување, печурката заштитува од вештерки и демони.
Фотографија: Fotolia/Ideen
Азиски мудрости
Со едно гризнување до мудра изрека - традицијата на кексите за среќа потекнува од источна Азија. Корените на оваа оваа традиција се во Кина, но и во Јапонија. Иселениците ги „извезле“ кексите за среќа во 19. век во САД, од каде потоа тие си го наоѓаат својот пат до Европа и Германија.
Фотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb
Замисли желба
Метеорите во многу земји се сметаат за магичен настан. Кој ќе види метеор, треба да ги затвори очите и да си замисли желба, но не смее да каже што замислил! Зашто, само ако замисленото остане лична тајна, може и да се исполни. Според една христијанска легенда, метеорите се фитили кои паѓаат на Земјата кога ангелите ги чистат небесните свеќи.
Фотографија: picture-alliance/dpa
7 фотографии1 | 7
Ова инаку не е нов „пронајдок“. Уште старите Египќани знаеле за овој математички проблем. Уште во третиот век пред Христос на својот календар секоја четврта година му додавале по уште еден ден. Римскиот календар бил исто така не сосем точен, па Јулис Цезар во првиот век пред Христос наредил календарот да се дополни со еден втор 24 февруари, денот едноставно се повторувал. Нашата традиција, значи, да се додаде ден на месец февруари, се води од одлуката на Јулиус Цезар. Грегоријанскиот календар е воведен во 1528 година и го користиме до денес.
Изразот престапна година пак е воведен за да означи година со еден дополнителен ден. Некои сметаат дека таа носи среќа, но оние кои се родени на 29 февруари, сигурно не се многу задоволни - роденден можат да слават секои четири години.