1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто отров на нашите чинии?

Ирене Банос Руиз
12 август 2017

Скандалот околу затруените јајца со фипронил вклучи многу аларми во Германија. Но, како тие забранети супстанции воопшто стигнуваат во нашите чинии? И како во иднина да се спечат такви скандали?

Ausstellung "Food Revolution 5.0" im Museum für Kunst und Gewerbe Hamburg.
Фотографија: MKG FoodRevolution 5.0

Извештаите за јајцата кои се контаминирани со отровни инсектицидиги вознемирија потрошувачите. Многумина сега се прашуваат колку отровни хемикалии всушност стигнуваат во нашата храна? Според наводите на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), околу половина од храната која ја јадат Европејците содржи траги на пестициди- меѓутоа, во поголемиот број случаи во толку мали количества кои не се штетни за човекот. Поголемиот дел од тие супстанции се безбојни и немаат никаков мирис. Поради тоа за нас конзументите е тешко да препознаеме дали некој производ, односно храна која ја јадеме има штетни супстаниции за здравјето. Па така се потпираме на контролата. Но, установите задолжени за таа контрола често не стигнуваат да бидат толку брзи колку што е брзо индустриското земјоделско производство, а да се контролираат прехранбените синцири е ионака компликувано. До скандал доаѓа само тогаш кога ќе се пронајде некоја отровна супстанција. Меѓутоа, колку нечисти прехранбени производи предходно неоткриено стигнале во продажба? Според наводите на стручњаците, постои само едно решение: построго регулирање и контрола.

Отров на нашите чинии

Иако пестициди се пронајдени во половина европски прехранбени производи, помалку од 3 отсто од тестираните производи ги преминуваат дозволените гранични вредности кои важат во ЕУ. Меѓутоа, 7 насто од увезените прехранбени производи содржат пестициди кои го надминале дозволеното ниво.

Фотографија: Imago/Hollandse Hoogte

Но, не станува збор само за пестицидите кои завршуваат во нашите чинии. И други отровни супстанции како на пример диоксинот- канцерогено соединение кое се формира за време на нечисто согорување- или алфатоксините кои созадаваат бактерии, исто така, можат да се најдат во нашата храна. Таквите несакани супстанции можат на најразлични начини да стигнат во нашето јадење, на пример, може да се случи прехранбените производители да не ги исполнат хигиенските стандарди, во основа дозволените лекови за животните би можеле погрешно да се применат или можат едноставно да се злоупотребат илегални супстанци, наведува Германската служба за заштита на потрошувачите и безбедност на храна.

„Отровните супстанции можат за време на целокупниот производен процес да стигнат во нашата храна“, вели и Брита Шауц од Централата за заштита на потрошувачи во Берлин. „Забранети супстанции можат и свесно да се измешаат во нашата храна- на пример, за производите да изгледаат поубаво.“ Инсектицидот фипронил во Холандија изгледа е користен за чистење на кокошките од болви. Но тоа средство е забрането за животни кои произведуваат прехранбени производи.

Да се регулираат ризиците

Пестицидите се една од најчестите причини за труење во земјите со ниски и средни приходи, наведува Светската здравствена организација (СЗО). Пестицидите се толку отровни затоа што се развиени да убиваат штетници. Затоа е толку важно заострено да се регулираат. ЕУ за луѓето и за животните забрани високоотровни пестициди, како што на пример за пчелите се штетни неоникотиноидите, но и оние супстанции кои бавно се разградуваат во природата. Унијата освен тоа одреди гранични вредности за пестициди во храната и во водата. Но, покрај човечката негрижа и неколкуте случаи на намерна злоупотреба, расте бројот на илегални и лажирани пестициди кои криминални банди ги криумчарат во ЕУ.

Инсектициди ги убиваат пчелите

01:01

This browser does not support the video element.

Според наводите на Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост (ЕУИПО), оваа илегална трговија 28-те земји членки секоја година ги чини околу 1,3 милијарди евра. Само во минатата недела грчките власти пронајдоа над 700 килограми илегални пестициди кои требале да се прокриумчарат преку Турција во ЕУ. Но, властите се слабо опремени во однос на контролата во оваа област, вели Кристијане Хухдорф, експерт за пестициди во еколошката организација Гринпис. „Скандали кај нас секогаш одново ќе се појавуваат, сѐ додека храната се произведува во толкав обем и додека има премалку средства за да се внимава на квалитетот“, вели таа во разговорот за ДВ.

Во годишните контроли на ЕУ за пестициди, специјалистите тестираат одреден број прехранбени производи со траги од 770 пестициди. Овие анализи дополнително во многу случаи подлегнуваат на посилни контроли. Националните установи, исто така, во редовни периоди контролираат прехранбени производи- секој производ, освен тоа, поминува еден вид безбедносна контрола пред да стигне на полиците во продавниците, појаснува Шауц. Меѓутоа, стручњаците можат да ги пронајдат само оние супстанции кои ги бараат, оние останатите кои не се на списокот остануваат неоткриени, наведува Хухдорф. Во скандалот околу јајцата контаминирани со фипронил е сѐ  уште нејасно од каде установите ја добиле оваа информција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми