1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пратенички привилегии за статусот „прележан ковид“

Саша Бојиќ | агенции | СН
26 јануари 2022

За пратениците во германскиот парламент- Бундестагот во пленарната сала не важи владиното правило за тоа кој се смета за лице кое прележало ковид. Зошто постојат две класи на граѓани и каде се медицинските критериуми?

Пленарната сала на германскиот Бундестаг
Пленарната сала на германскиот БундестагФотографија: imago images/Achille Abboud

Кој се води како „лице кое го прележало коронавирусот? Во Европа околу тоа официјалната наука очигледно не може да се согласи. Истиот ден кога во Швајцарија статусот „прележан ковид“ е продолжен од 6 на 12 месеци, во Германија е скратен од 6 на 3 месеци.

Надлежен тоа скратување е владиниот институт Роберт Кох. Според неговите одредби, статусот „прележан“ почнува најмалку 28 дена по издавањето на позитивниот тест на коронавирусот. Тоа може да биде само ПЦР тест, ПоЦ-ПЦР (кој се спроведува во лабораторија) или „други методи на техники за амплификација на нуклеинската киселина“.

Кога ќе поминат тие 28 дена, почнува статусот „прележан ковид“ и тој од 14 јануари важи само 90 наместо дотогашните 180 дена.

Не и за пратениците во Бундестагот - во пленарната сала на парламентот сѐ уште важи првиот утврден рок од 6 месеци.

Пратениците во Бундестагот на 13 јануари самите гласаа за тоа одлуката за модусите на статусот „прележан коронавирус“ да се препушти на владиниот институт Роберт Кох. Институтот само еден ден подоцна го скрати рокот.

Автобус за вакцинирање: Трка со времето

02:02

This browser does not support the video element.

Изненадување, правила, исклучоци

Одлуката изненади многу граѓани, па и политичари, и преку ноќ ги доведе во непријатна ситуација. Бидејќи, статусот „прележан коронавирус“ овозможува влез во угостителските објекти, на јавни манифестации и во јавниот превоз без претходно тестирање.

Во обраложението на одлуката која Бундестагот ја достави за ДВ, пишува дека „и натаму важи административниот акт (...) кој е дел од хигиенскиот концепт на германскиот Бундестаг и кој кога станува збор за пристап на парламентарни седници може да има сопствени регулативи“.

Бундестагот, значи, не мора да се придржува до мерките кои на негова иницијатива ги донесе Институтот Робет Кох. Тој, меѓутоа, укажува и дека сега паралелно постојат два вида рокови за важење на статусот „прележан коронавирус“.

Првиот го утврди берлинскиот Сенат и според него сѐ уште важи рокот од 6 месеци и тоа во областите на култура, малопродажба и во угостителството во кои важи правилото 2Г (само вакцинирани и оние кои го прележале вирусот).

Вториот рок го утврди Институтот Роберт Кох и тој, како што пренесе за ДВ заменикот на портпаролот на германскиот парламент, Франк Бегрман, се однесува на областите кои се регулирани со Сојузниот закон за заштита од инфекции, на пример, на работните места или во јавниот превоз, каде што важи правилото 3Г (само за вакцининари, оние кои го прележале коронавирусот и за оние со негативен тест на вирусот).

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми