1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Зошто Фејсбук блокира медиумски содржини во Австралија?

СН/агенции
18 февруари 2021

Во спорот околу планираниот закон за медиуми, Фејсбук го блокираше споделувањето на сите информативни содржини за своите корисници во Австралија. Засегнати се дури и предупредувања од здравствените власти.

Facebook stellt Aufsichtsgremium für strittige Inhalte vor | Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/empics/N. Carson

Фејсбук денеска ги блокираше информативните содржини и нивното споделување на неговите страници во Австралија во драматична ескалација на спорот со властите по повод  планираното плаќање за пренесување на медиумски содржини.

Медиумските куќи, политичари и активисти за човекови права веднаш го критикуваа овој потег, особено затоа што сите страници што се однесуваат на здравјето на граѓаните, вонредните безбедносни предупредувања и на мрежите кои се занимаваат со социјална заштита, исто како и вестите станаа недостапни за австралиските корисници на Фејсбук. 

Договор со Гугл

„Фејсбук погреши, ваквиот потег на Фејсбук не беше неопходен, претераа и ќе нанесат штета на сопствениот углед тука во Австралија“, изјави на пресконференција, министерот за финансии, Џош Фрајденберг.

Фотографија: Jakub Porzycki/NurPhoto/picture alliance

Тој рече дека директорот на Фејсбук, Марк Закерберг, не предупредил дека ќе ги тргне информативните содржини кога тие двајцата разговарале во минатиот викенд за подготовка на законот кој ќе ги принуди Фејсбук и Гугл да им плаќаат на локалните медиумски компании за нивните содржини.

Повеќе:

-Напад од ЕУ врз Гугл и компанија 

-Конечно повеќе натпревар кај интернет пребарувачите?

-Тужба против Фејсбук поради монопол

Двата интернет-гиганта претходно се заканија дека ќе престанат да пружаат услуги во Австралија, но Гугл пред неколку дена склучи договори со неколку медиумски куќи.

Светските ѕвезди ги замрзнуваат профилите на социјалните мрежи

01:29

This browser does not support the video element.

„Њус корпорејшан“ на Руперт Мардок соопшти дека, благодарејќи на договорот со Гугл, ќе добива значителни исплати од оваа компанија за пружање на содржини за нејзиниот пребарувач во сегментот вести.

Присилна арбитража

Гугл одби да го коментира денешниот потег на Фејсбук.

Новиот закон во Австралија бара од Гугл и од Фејсбук да склучат комерцијални договори со медиумските куќи чии линкови насочуваат кон нивните платформи или да се согласат на одредена цена во рамки на присилна арбитража.

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми