1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Зошто шефот на Фајзер ја напуштил Грција?

2 февруари 2021

Претседателот на фармацевтскиот концерн Фајзер е родум од Солун. Но, како и многу Грци, кариерата ја изградил во странство. „Одливот на мозоци“ е сериозен проблем за Грција.

Corona l USA, CEO von Pfizer - Albert Bourla
Фотографија: John Angelillo/UPI Photo/picture alliance

Во Грција живеат околу 10 милиони луѓе, а седум до осум милиони Грци се во странство. Во Грција се горди на достигањата на своите иселеници. Алберт Бурла е таков пример. Роден е и израснал во Солун како син на солунски Евреин кој го преживеал холокаустот. Денеска тој е првиот човек на фармацевтскиот концерн Фајзер, кој меѓу првите направи вакцина против коронавирусот.

Грчката економија е тешко погодена од пандемијата, БДП е на рекодно ниско ниво, но Грците се горди дека Грк е на чело на успешната борба против пандемијата. Во земјата која е во криза ова е симбол на напредок. Во грчките медиуми вакцината на Фајзер се слави како нивен национален успех.

Грчката приказна за успехот

Алберт Бурла израснал во центарот на Солун и студирал на Универзитетот Аристотел. И до денес жестоко навива за фудбалскиот клуб Арис, а летно време секогаш е на Халкидики. „Никогаш нема да заборавам од каде сум и кому му должам за мојот успех,“ изјави во една видео порака овој менаџер кој забработува милиони. „Универзитетот Аристотел е основа за мојот карактер и мојата кариера“, вели тој.

Фотографија: Christof STACHE/AFP

Грчката држава ги финансирала студиите на Алберт Бурла, но успехот го постигнал во странство. Тоа е случај со многу Грци. Уште од финансиската криза сѐ поголем број висококвалификувани Грци си заминуваат од земјата. Грција е соочена со голем „одлив на мозоци.“

Повеќе:

-Коронавирус: Рекорден минус во грчкиот туризам

-Ковид-19: Критично во Солун, погодено секое петто семејство

-Грција: Православната црква меѓу традицијата и заштитата на здравјето

Луис Лабрианидис, професор на Универзитетот Македонија во Солун кој е специјалист за економска географија одамна се занимава со оваа тема. Вели дека “одливот на мозоци“ не е феномен поврзан со криза: „Овој проблем датира уште од осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Тогаш драстично се зголеми бројот на студенти на универзитетите.“ Но што има лошо во тоа?

Нема работа за научниците

Лабрианидис вели дека во Грција не е проблем бројот на луѓе со универзитетска диплома бидејќи земјата во овој поглед е под просекот на Европската унија. „Апсолвенитите не си заминуваат поради тоа што има преголем број студенти, туку причината е пред сѐ што на пазарот нема толкава побарувачка за експерти. Економијата не се заснова на производство и перформанси за што би биле потребни научно обучени кадри.“

Фотографија: Dionysis Magoulas

Стела Коки докторирала невропсихијатрија во Солун. И таа не нашла работа таму поради што решила да ја напушти земјата. Во моментов работи во Осло каде што се занимава со истражување на пренесување на психички болести од родителите на децата. Таа вели дека во Грција нема пари, но и дека не е развиена научно-истражувачката дејност.

Психологија на одлив на мозоци

„Нема конструктивни системи за мерење на перформансот. Работев во истражувачки центри во Индонезија и во Осло и во двата имаше системи за вреднување и наградување на соработниците на годишно ниво,“ вели Стела Коки. При тоа не се работело за намера некој да биде отпуштен туку да се истакне чуството на одговорност, појаснува таа и додава: „Тоа помага во планирање на следните чекори во кариерата и професионалниот развој.“

Стела радо би се вратила во Грција некогаш, но предуслов за тоа се соодветна плата и отстранување на старите проблеми: „Државната администрација и даночниот систем мора да бидат многу постабилни за да може научниците на мир да работата на истражување.“

Балкан: Добрите луѓе си заминуваат

03:00

This browser does not support the video element.

Државата мора да стори повеќе

И Луис Лабрианидис смета дека се неопходни подобри услови за младите научници но и промена на начинот на размислување на младите образовани луѓе. „Во последните шест или седум години стана модерно да се заминува од земјава. Тие луѓе се фокусираат на проблемите во Грција, а од друга страна мислат дека во земјите во кои ќе заминат цветаат рози. Тоа е многу голем проблем,“ смета Лабрианидис. Според него грчката држава мора да ги направи повидливи потенцијалите на земјата за да се запре процесот на исселување на младите образовани луѓе, а политиката мора да ги мотивира младите да не ги пакуваат веднаш куферите по студиите.

Може да се развие програма за понатамошно усовршување на универзитетите, а држават би морала на оние кои завршиле факултет да им помогне полесно да основаат свои фирми. Многу е важен и трансферот на знаења како и подготвеноста на младите за размена на знаења во работниот процес.

 Грчката дијаспора како инвеститор?

Луис Лабрианидис бара и поврзување на Грците кои си заминела со оние кои останале. И Алберт Бурла во снимената видео порака ја коментира ситуацијата во Грција: „Запознаен сум со проблемите со кои сте соочени во однос на инфраструктурата и недостатокот на средства за истражување“, вели тој.

Фотографија: Giorgos Konstantinidis/ANE/Eurokinissi/picture alliance

 Фајзер во моментов планира да отвори дигитален технолошки центар во Солун па може да се претпостави дека тоа што првиот човек потекнува од овој град игра одредена улога во избирањето на место за инвестирање.

Професор Лабрианидис се надева дека ќе се зголеми бројот на Грци од странство кои во земјата нема да доаѓаат само за на одмор. „Некој кој управува со голема компанија, носи и одлуки за тоа како ќе се развива компанијата. Така може да се заложи за тоа овие компании да се префрлат во Грција,“ вели тој.

Целта на компаниите не би требало да биде само да се оствари профит заради поефитина работна сила во Грција, туку да им се отворат перспективи на добро квалификувани луѓе. „Тука имаме навистина добри лекари, биолози, статистичари,“ објаснува Лабрианидис и додава дека од нивната стручност корист би имале не само грчките инвеститори од странство туку и грчката економија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми