1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Шпанија е „плодно тло“ за коронавирусот

Штефани Милер
17 октомври 2020

Во Европа се чудат зошто Шпанија има толку многу заболени и жртви од коронавирусот. Причини има многу, но една од најважните е доста банална: животот во прескапи и мали станови.

BdTD Spanien Coronavirus
Фотографија: Manu Fernandez/AP/dpa/picture-alliance

Пабло Керда дошол од Чиле во Мадрид да студира филмска режија. И веднаш воочил нешто: „Тука сите живеат на многу мал простор“.
А кога почнал да бара стан, брзо сфатил дека е тоа поради високите кирии. Има станови со многу мали соби, понекогаш и без прозори, а сето тоа во згради со многу катови. По некое време сфатил дека проблемот е во тоа што луѓето немаат постојана и сигурна работа, а тука се уште и доселениците кои често немаат дозвола за престој.
И многу Шпанци немаат пари за луксузот на голем и удобен стан. Еуростат проценува дека шпанско семејство со две деца заработува, во просек, околу 20,000 евра помалку од исто такво семејство во Германија. Притоа, кириите не се разликуваат многу во двете земји.

350 евра за шест квадрати

Кога пристигнал од Чиле во Мадрид минатиот септември, Пабло гледал и станови во центарот на градот- но еднособен стан таму би го чинел меѓу 650 и 900 евра месечно. Без оглед на кризата, становите во Шпанија не поевтинија. Пабло изнајмил стан во работничкиот кварт Валесас. Но таму, според евиденцијата во државата, кириите во изминатите четири години пораснале за една петина. За соба од шест квадратни метри, Пабло таму плаќа 350 евра месечно.
„Условите за живот ги менуваат луѓето, особено во време на пандемијата“, вели Чилеанецот. Забраните во Шпанија беа посебно строги, а сега се повторуваат. Но и покрај тоа, има голем број заразени, бидејќи густо населените населби брзо се претвораат во жаришта. Притоа, во нив има малку луѓе кои можат да си дозволат работа од дома, пред компјутер: тоа се луѓе кои работат физички работи, негуватели, келнери, чистач(к)и. Многумина работат на црно, па не можат да отидат ни до лекар, ниту можат да се тестираат. А дури и ако останат дома, по правило има уште многу луѓе кои живеат во истиот стан.

Пабло Керда во метро во МадридФотографија: Pablo Cerda

Најдобрите станови- за туристите

Дополнителен и голем проблем, особено во атрактивните шпански градови, се становите кои им се изнајмуваат на туристи. Владата во Каталонија по тоа прашање воведе драстични мерки: само во Барселона вообичаено доаѓаа по 30 милиони туристи, но таа го ограничи бројот на станови кои можат да им се издаваат на туристи. Но, ни тоа не го решава проблемот.
Експертот за недвижности Педро Арабела од Меѓународниот универзитет во Мадрид го објаснува проблемот.
„Кај нас едноставно чкрипи во самиот систем“. Во изминатите децении експлодираше цената на градежното земјиште во градовите. „Мора да се градат повеќе социјални станови, на празно земјиште кое е во сопственост на општините, и какво што има многу на перифериите на градовите“, вели Арабела.
Покрај тоа, според некои проценки, во Шпанија има повеќе од еден милион празни станови, но не се на продажба. Голем дел се недвижности кои им паднаа во раце на банките по финансиската криза, а нема сомнение дека во време на короната ќе има уште многу такви случаи поради пропаста на градежните фирми.
Меѓу нив има многу згради кои никогаш не се завршени, но има и такви кои се. Некои луѓе од очај незаконски влегуваат во становите и ги окупираат- особено сиромашните кои немаат пари за кирија, но и стотици илјади странци без легални документи кои поради тоа, практично, воопшто и не можат да дојдат до стан. Становите во Шпанија се скапи, а животот е еднакво скап како и во Германија, покажуваат податоците на Евростат. Затоа, поголемиот број луѓе можат да си дозволат само мали станови, а поради скапото земјиште се градат огромни згради. И тоа е едно од нештата кое не им е јасно и на самите Шпанци: нивната земја е речиси на самото дно по густината на населението. Па зошто тогаш не се гради во ширина? Пред се затоа што и во Шпанија многу луѓе мигрираат од села во градовите.

Ново чувство на слобода за милиони Шпанци

01:20

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми