1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИАЕА и случајот Иран

18 јануари 2006

Советот на гувернерите на меѓународната агенција за атомска енергија, во почетокот на февруари треба да го разгледува „случајот Иран„ и, според барањето на Европската унија и САД, да го проследи натаму до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Насмевката како превез за нервозата: Барадеи
Насмевката како превез за нервозата: БарадеиФотографија: AP

На Техеран му се префрла дека се подготвува да изгради атомска бомба. Тоа е забрането според правилата на договорот за неширење на атомското оружје. За раѓањето и дефицитите на овој инструмент за спречување на ширењето на атомското оружје, информација на Еберхард Нимбах:

Во декември 1953 година, во екот на студената војна, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер изнесе предлог големите атомски сили, значи САД и Советскиот Сојуз, од името на мирот да предадат дел од своето знаење во областа на атомистиката. Идејата беше да се прошири мирната употреба на атомската техника за да се спречи ширењето на атомското оружје. Задолжено би било меѓународно тело од кое произлезе Меѓународната агенција за атомска енергија – ИАЕА која денес има седиште во Виена.

Тогаш никој не сметаше на нови атомски сили, па во 1970 година стапи на сила Договорот за неширење на атомското оружје. Срж на договорот беше познатите атомски сили: САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција ќе се грижат за атомското оружје и нема да ја шират таквата технологија. Сите други држави што ќе го ратификуваат договорот не смеат да планираат изградба на бомби, да снабдуваат таква техника или сами да ја развиваат. За возврат ќе добиваат помош за мирољубив развој на атомската енергија. За контролата е надлежна ИАЕА.

Меѓутоа, на тој начин не беше запрено нуклеарното вооружување, вели шефот на агенцијата Мохамед Ел Барадеи:

„Се додека имаме осум или девет држави што поседуваат атомско оружје, се додека нема драстична редукција, се дотогаш атмосферата ќе биде таква атомското оружје да биде атрактивно за заплашување и за можна употреба. Гледаме дека САД зборуваат за развој на мини атомско оружје со помало дејство. Се дотогаш не се испраќа вистинската порака. Треба да се шири пораката: атомското оружје не е добро за вас, но тоа е се уште важно за нас„.

Ниту една држава не може да биде принудена да членува во договорот за неширење на атомското оружје. Индија, Пакистан и Израел веќе сега имаат бомби. И Северна Кореја се откажа од договорот, ги протера инспекторите на ИАЕА од земјата и соопшти дека веќе има бомба.

И покрај контролите, како Иран, така и Ирак под Садам Хусеин, со години тајно ги развиваа своите атомски програми. Инспекторите беа влечени за нос. Во меѓувреме се појави дополнителниот протокол на договорот со кој на инспекторите на агенцијата им беа дозволени поостри контроли и ненајавени посети и на воени постројки. Земјите во развој се повикуваат на тоа дека договорот им го гарантира правото на мирољубиво користење на атомската енергија во целосен обем што подразбира и производство на гориво. Тоа е една од дупките во системот што ја признава и агенцијата во Виена, вели портпаролката Мелиса Флеминг:

„Тоа беше вистински сфатено дури преку иранскиот случај. Во основа никој не помисли дека ќе има толку многу земји што ќе бидат способни да развијат една толку тешка технологија„.

Сега ИАЕА предлага да не се востануваат правила само за Иран, туку да се воспостават сосема нови општоважечки правила: гориво да може да се произведува само под контрола и заедно со повеќе држави, за никој да не може збогатениот ураниум или плутониумот да го користи за производство на бомба. Меѓутоа, сето тоа е работа на преговори, а договорот за неширење на атомското оружје не закон што важи за сите, туку само за оние што доброволно го прифаќаат. Дипломатијата има потреба и од притисок, рече деновиве прилично изнервираниот шеф на агенцијата Барадеи и дополни: во краен случај и сила.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми