Иванов бара помош од Обама
22 мај 2012Во краткиот разговор со Обама на маргините на НАТО-самитот во Чикаго, Иванов апелираше до американскиот претседател да го искористи своето влијание за Грција да почне одговорно и конструктивно да учествува во процесот и да се придржува до рамката во која се водат разговорите, што е предуслов за заемно прифатливо решение.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон во Чикаго изјави дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека ова е последниот Самит што ќе помине без покана до нови членки на Алијансата. Осврнувајќи се на Македонија, со пофалби за значајното учество на македонските војници во мисијата во Авганистан, ги повика Скопје и Атина да го решат прашањето за името, за да може Македонија колку е можно побргу да стане НАТО членка.